Теодор Фуџита
Тетсуја Теодор Фуџита (1920-1998 г.) — јапонски метеоролог.
Теодор Фуџита | |
---|---|
Роден(а) | 20 октомври 1920 година Китакјушу, Јапонија |
Починал(а) | 19 ноември 1998 Чикаго, Илиноис, САД |
Живеалиште | Јапонија, САД |
Државјанство | Јапонија, САД (1968) |
Полиња | Метеороголија |
Установи | Универзитет во Чикаго |
Образование | Технолошки институт Кјушу Универзитет во Токио |
Познат по | торнада, Фуџитова скала |
Поважни награди | Орден на Светото Богатство, Златна и Сребрена ѕвезда (1991) |
Со помош на својата сопруга и еден колега, изработил скала со шест различни сили на торнадото, која е наречена по неговото име. Прво го изучувал торнадото предизвикано од пожарите предизвикани како последица на експлозијата на атомската бомба во Втората светска војна. Се преселил во САД во почетокот на 50-тите години на 20 век и на Универзитетот во Чикаго продолжил со својата истражувачка работа проучувајќи ги тропските циклони.
Оваа статија за Јапонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |