Теодор Киренски

старогрчки математичар

Теодор Киренски (околу 470 пр. н. е. — 390 пр. н. е.) — математичар по потекло од Кирена (најголемата хелинистичка колонија на почвата на Северна Африка, основана од иселеници од островот Тера околу 630 г. пр. н. е.). Прво ученик на софистот Протагора од Абдера, но него рано го напуштил и се посветил на проучувањата на математичарите претходници. Бил учител на Платон и Теетет (Платон го споменува во дијалогот Теетет).[1]

Наводи

уреди
  1. Светислав Ристић, Знаменити Хелени