Теодоро Ласкарис
Теодоро Ласкарис-Комнено (27 октомври 1921 – 20 септември 2006 година), или само Теодоро Ласкарис, ― шпански професор по филозофија и најстар син на Еухенио Ласкарис, шпански адвокат кој фалсификувал роднински врски со средновековното семејство Ласкарис, кое владеело со Никејската Империја од 1204 до 1261 година. По смртта на Евхенио во 1962 година, Теодоро продолжил со претензиите на неговиот татко, тврдејќи дека е титуларен император на Константинопол[1] како Теодор IX Ласкарис Комнин (Theodore IX Lascaris Comnenus), како и Голем мајстор на Константинскиот ред на Свети Ѓорѓи.[2][3]
Ласкарис и неколку негови браќа и сестри ја напуштиле Шпанија по смртта на нивниот татко поради бројните контроверзии во кои се вплеткало семејството.[4] Придружуван од неговите браќа Еухенио и Константино,[2][5] Ласкарис се преселил преку Атлантикот и работел како учител во Латинска Америка, предавајќи на универзитетите во Костарика, Венецуела и Колумбија.[5] Иако ја задржал легитимноста на тврдењата на неговиот татко и неговите сопствени, Теодоро бил повеќе заинтересиран за истражување на правото, историјата и филозофијата и одржување на редовите на Константин Велики и Света Елена (измислен ред) отколку што бил заинтересиран за измисленото тврдење до престолот на Кралството Грција или Константинопол.[2]
Откако неколку години предавал во Колумбија, Ласкарис се преселил во Венецуела, каде што станал професор по филозофија на Универзитетот Карабобо.[5] Ласкарис ја пропагирал идејата дека Америка ја претставува „Новиот Византион“ и „Четвртиот Рим“; каде што ќе продолжат да опстојуваат христијанската вера, западната мисла и грчката цивилизација.[1][3] По смртта на Теодоро во 2006 година, неговиот син Еухенио (роден на 10 октомври 1975 година) го зел кралското име Евгениј III Теодор Емануел Ласкарис Комнин (Eugene III Theodore Emmanuel Lascaris Comnenus), одржувајќи ги претензиите на неговото семејство.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „The Great Seal of the Lascaris Comnenus“. www.new-byzantium.org. Посетено на 16 октомври 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Domingo, Carlos Sancho (2017). Eugenio Láscaris-Comneno: el aragonés que pretendió el trono de Grecia (PDF) (шпански). Institución "Fernando el Católico". ISBN 978-8499114651. стр. 30.
- ↑ 3,0 3,1 Feldman, Ruth Tenzer (2008). The Fall of Constantinople. Twenty-First Century Books. ISBN 978-0761340263. стр. 135.
- ↑ Domingo, Carlos Sancho (2017). Eugenio Láscaris-Comneno: el aragonés que pretendió el trono de Grecia (PDF) (шпански). Institución "Fernando el Católico". ISBN 978-8499114651. стр. 17.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Hernández de la Fuente, David (2019). „El fin de Constantinopla y las supuestas herencias nobiliarias bizantinas“. Во Barrios, F.; Alvarado, J. (уред.). Aires de grandeza: Hidalgos presuntos y Nobles de fantasía (шпански). Madrid: Dykinson. стр. 245–262. ISBN 978-84-1324-092-3. стр. 261.