Теогефиро
Теогефиро ― поранешен природен лаковен мост над реката Тијамис во Епир, Грција. Се наоѓал во општина Зица, во округот Јанина. Тој бил природен споменик и едно од најпознатите знаменитости на Епир. Природниот мост се урнал на 8 февруари 2018 година, поради интензивните врнежи.[1][2]
Мостот
уредиМостот се наоѓал над реката Тијамис, наречена и Каламас. Тој бил творба на природата, бидејќи водите на Тијамис ги ископале долните карпи, оставајќи ги непроменети горните карпи и создавајќи го природниот лаковен мост. Мостот бил 3 метри ширина и 4 метри висина. Долги години им помагал на патните комуникации на овој крај. Во доцните години, областа била прогласена за археолошко наоѓалиште и споменик на природата. Мостот се урнал на 8 февруари 2018 година поради интензивните врнежи.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Κατέρρευσε το Θεογέφυρο στη Ζίτσα, ένα μοναδικό μνημείο της φύσης“. cnn.gr. Посетено на 28 ноември 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Κατέρρευσε το Θεογέφυρο, το πιο ξεχωριστό γεφύρι της Ελλάδας“. iefimerida.gr. Посетено на 28 ноември 2021.