Тело и душа (филм од 1947)
Тело и душа (англиски: Body and Soul) - американски филм од 1947 година, во режија на Роберт Росен (Robert Rossen), според сценариото на Абрахам Полонски (Abraham Polonsky). Главните улоги ги играат: Џон Гарфилд (John Garfield), Лили Палмер (Lilli Palmer), Хејзел Брукс (Hazel Brooks), Канада Ли (Canada Lee), Вилијам Конрад (William Conrad), Лојд Гоу (Lloyd Gough) и Џозеф Певни (Joseph Pevney).[1] Филмот бил номиниран за „Оскар“ во три категории (монтажа, оригинално сценарио и машка главна улога), а победил во категоријата најдобра монтажа.[2]
Синопсис
уредиЧарли Дејвис (го игра Гарфилд) победува во аматерски боксерски меч, а потоа него го ангажира промоторот Квин (го игра Конрад). Мајка му на Чарли не сака тој да започне боксерска кариера, но откако татко му случајно ќе погине, Чарли прифаќа да боксува за да заработи пари. Тој постигнува успех и победува од една во друга борба, па така го привлекува вниманието на неморалниот промотор Робертс (го игра Гоу). Откако Чарли станува шампион, Гоу бара од него да го намести мечот против предизвикувачот, нудејќи му голема заработка. Чарли се колеба, но ја прифаќа понудата, меѓутоа во текот на борбата се премислува и го победува противникот.