Телксиноја (месечина)

месечина на Јупитер

Телксиноја (старогрчки: Θελξινόη) или Јупитер XLIIнеправилна месечина на Јупитер. Месечината била откриена од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2004 година врз основа на фотографии направени во 2003 година и ѝ била дадена привремената ознака S/2003 J 22.[1][2]

Телксиноја има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20.454 милиони киолемтри, правејќи круг за 597,607 дена со наклон од 151° кон еклиптиката (151° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,2685.

Месечината своето име го добила во март 2005 година по Телксиноја, која, според некои автори, била една од четирите првобитни музи во старогрчката и ќерка на Зевс од Мнемозина.[3]

Телксиноја припаѓа на Ананкината група на неправилни месечини, кои кружат околу Јупитер во спротивна насока на оддалеченост од 19,3 до 22,7 милијарди километри со наклон од околу 150°.

Наводи

уреди
  1. Daniel W. E. Green (January 25, 2004). „IAUC 8276: S/2003 J 22“. International Astronomical Union.
  2. Brian G. Marsden (January 24, 2004). „MPEC 2004-B41: S/2003 J 22“. International Astronomical Union Minor Planet Center.
  3. Daniel W. E. Green (March 30, 2005). „IAUC 8502: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union.