Текешински Лозја (населба)

населба во Кочани

Текешински Лозја - населба на западниот крај на Кочани, составена претежно од куќи и во помал број станбени згради изградена во седумдесеттите години на XX век. На западниот дел од Кочани, на неговата периферија, се наоѓа наоѓалиштето Тикишински лозја каде во седумдесеттите години, при изградбата на голем број објекти за поединечно живеење била пронајдена некропола од железното време. Тоа била една од најголемите некрополи на овие простори, а од неа потекнуваат голем број наоди од растурени гробни конструкции.

Поглед на населбата Текешински Лозја од Споменикот на слободата

Истражените гробни конструкции од 1982 година биле ѕидани од камени плочи со скелетни погребувања, односно инхумација.