Теила Хакими
Теила Хакими (на хебрејски: תהילה חכימי, родена на 27 февруари 1982) е израелска поетеса и автор, и е клучен член на движењето Мизрахи Арс поетика.
Теила Хакими תהילה חכימי | |
---|---|
Националност | Израел |
Занимање | Поет, автор |
Животопис
уредиХакими, која има диплома по машинско инженерство,[1] почнала да ја објавува својата поезија во 2013 година во списанијата „Мехав“ и „Маајан“, и во две антологии - збирка песни од Бершеба, а втората антологија Арс поетика, уредена од Ади Кејсар.
Нејзината прва збирка поезија „Утре ќе работиме“ била објавена во 2014 година. Книгата ја доби наградата за книжевност на Бернштајн за 2015 година.[2]
Хакими ја уредила детската книга Попладневни деца во 2015 година од Авихаи Нири, илустрирана од Лирон Коен.[3]
Нејзината втора книга „Во водата“ е графички роман, создаден во соработка со илустраторот Лирон Коен, и била објавена во 2016 година.[4]
Хакими ја доби наградата за нови поети од Министерството за култура во 2015 година.[5]
Книги
уреди- 2014 - מחר נעבוד, (Утре ќе работиме, Тангиер издаваштво)
- 2016 - במים, (Во вода)
- 2018 - חֶבְרָה , (Друштво, Рислинг - Оригинална израелска книжевна серија)
Наводи
уреди- ↑ „תהילה חכימי“. Granta Magazine. Посетено на March 18, 2019.
- ↑ נטע עמית (December 21, 2018). „אישה בכלוב של זהב“. Посетено на March 18, 2019.
- ↑ „הסופרת תהילה חכימי“. ליסה פרץ משוחחת. March 10, 2019. Посетено на March 18, 2019.
- ↑ „במים נובלה גרפית“. מגדלור. Посетено на March 18, 2019.
- ↑ גילי איזיקוביץ (February 11, 2015). „עדי קיסר ויואב בן ארי בין זוכי פרס משרד התרבות למשוררים ולסופרים בראשית דרכם“. Ha'aretz. Посетено на March 18, 2019.