Теодор Роберт „Тед“ Банди (Theodore Robert „Ted" Bundy) (24 ноември 194624 јануари 1989 година) — американски сериски убиец, силувач, грабнувач и некрофил, кој нападнал и убил најмалку 30 млади жени, и можеби повеќе во државите Вашингтон, Орегон, Калифорнија, Јута, Ајдахо, Колорадо и Флорида во периодот од 1974 до 1978 година. По повеќе од една деценија одрекување тој признал 30 убиства, но вистинскиот број сè уште не се знае. Тој постојано патувал сам и долги периоди од неговото време не се познати. Некои нејасни докази сугерираат дека почнал да убива и пред 1974.

Банди како сениор во средно училиште, 1965

Банди бил згоден, шармантен и харизматичен човек и овие квалитети потполно ги искористувал во своја корист. Сите негови познати жртви се атрактивни млади жени и девојки кои што вообичаено имале долги коси поделени на средина и носеле обетки во вид на алки. Тој вообичаено им приоѓал на јавни места и ја добивал нивната доверба преправајќи се дека има повреди и недостатоци, или преправајќи се дека е авторитетна личност, а потоа ги совладувал и физички ги онеспособувал. Повеќето од нив биле сексуално напаѓани и убивани на друго место. На неколку наврати тој едноставно упаѓал во домовите доцна во ноќта и ги напаѓал жртвите додека спиеле. Понекогаш тој повторно ги посетувал местата на злосторството, поминувајќи неколку часа галејќи ги и вршејќи сексуални чинови со мртвите тела се додека целосно не се распаднеле. Тој обезглавил неколку од неговите жртви и ги чувал главите во неговиот стан како спомени. Бил погубен на електричен стол во затворот Рејнфорд во Старк, Флорида во јануари, 1989 година. (Raiford Prison, Starke, Florida).

Ан Рул (Ann Rule) го опишува Банди како "...садист-социопат кој што се задоволува од болката на другите луѓе и од контролата што ја има над неговите жртви сé до моментот на смртта, дури и потоа."[10] Тој самиот се нарекол "...најладнокрвното копиле што некогаш ќе го сретнете." Профилистот на ФБИ Роберт К. Реслер (Robert K. Ressler) се согласил со тоа. "Овој човек е ѕвер", напишал тој, "и ме чуди што медиумите не се во можност да го разберат тоа".

Живот

Детство

Банди е роден како Теодор Роберт Кауел (Theodore Robert Cowell) во домот за самохрани мајки на Елизабет Ланд во Барлингтон, Вермонт (Elizabeth Lund Home For Unwed Mothers, Burlington, Vermont) од Еленор Луис Кауел (Eleanor Louise Cowell). Идентитетот на неговиот татко не е утврден со сигурност. Во документот за неговото раѓање се споменува името на еден продавач и ветеран во Воздушните сили Лојд Маршал (Lloyd Marshall), но подоцна Луис тврди дека била заведена од некој морнар чие што име можеби е “Џек Ворингтон“ ("Jack Worthington"). Нејзиното семејство се сомневало дека е можно таткото да е нејзиниот насилен татко Семјуел Кауел (Samuel Cowell). Бабата и дедото од страната на неговата мајка, Семјуел и Еленор Кауел (Samuel and Eleanor Cowell) го чувале во нивниот дом во Филаделфија како нивен син за да ја избегнат општествената предрасуда за нелегитимните деца во тоа време. На поширокото семејство, на пријателите, па и на самиот Банди им било кажано дека тие се негови родители, а дека неговата вистинска мајка е негова постара сестра. Со текот на времето тој ја дознал вистината, но не е јасно како и кога. Тој ù кажал на својата девојка дека еден ден неговиот братучед го нарекол “копиле“ и за да му докаже му покажал на Банди копија од документот од раѓањето што тој го пронашол. На биографичарите Стефан Микод (Stephen Michaud) и Хју Ејнсворт (Hugh Aynesworth) Банди им кажал дека тој самиот го пронашол документот. Биографичарката и писателката на вистински злосторства, Ан Рул, која што лично го познавала Банди, верува дека тој немал веродостоен доказ сé додека не го пронашол оригиналниот запис за неговото раѓање во Вермонт во 1969 по трауматичното раскинување со неговата девојка од колеџ. Банди цел живот чувствувал и покажувал омраза кон неговата мајка поради тоа што не се обидела да му ја каже вистината и што го оставила самиот да ја открие.

Додека во некои интервјуа Банди топло зборувал за неговите баба и дедо и ù кажал на Ан Рул дека “се идентификува со“ Семјуел Кауел, “го почитува“ и “е близок со него“, на назначениот судски психијатар, во 1987, му кажал дека неговиот дедо бил тирански насилник и фанатик кој мразел црнци, италијанци, католици и евреи. Тој го тепал нивното куче и ги влечел за опаш мачките на соседите. Едно утро тој ја бутнал помладата сестра на Луис затоа што спиела до доцна. Некој градинар во својата стаклена куќа чувал порнографска колекција која што Тед и неговиот братучед внимателно ја проучувале со часови. Еднаш тој збеснал кога се спомнала темата за родителите на Тед. Банди ја опишува неговата баба како повлечена и потчинета жена која што повремено одела на електроконвулзивна терапија поради депресија и се плашела да испадне од куќата до крајот на својот живот. Уште во раните години Банди повремено покажувал вознемирувачко однесување. Џулија се сеќава дека еден ден кога се разбудила од спиење, била опкружена со ножеви од кујната на Кауел, а нејзиниот тригодишен внук (Банди) стоел до креветот и се смешкал.

Во 1950 година Луис и Тед заминале од Филаделфија за да живеат со роднините Алан и Џејн Скот во такома, Вашингтон (Alan and Jane Scott, Tacoma, Washington). Луис го сменила нејзиното презиме од Кауел во Нелсон (Nelson). Во 1951 Луис го сретнува Џони Кулпепер Банди (Johnny Culpepper Bundy), болнички готвач, на вечерта за млади и невенчани луѓе во првата методистичка црква во Такома (Tacoma's First Methodist Church). Подоцна истата година тие се земале и Џони Банди официјално го посвоил Тед. Џони и Луис имале четири свои деца и Тед го поминал поголемиот дел од неговите пред-тинејџерски и тинејџерски години чувајќи ги. Иако Џони Банди се обидувал да го вклучи и него во кампувањата и другите семејни активности, Тед се оттргнувал од неговиот очув, а подоцна ù се пожалил на неговата девојка дека Џони не е негов вистински татко, дека не бил “многу паметен“ и “немал доволно пари“.

Како младо момче, Банди скитал по соседството, буричкал во корпите за ѓубре барајќи слики од голи жени. Како адолесцент тој барал по библиотеките и книжарниците детективски списанија, крими новели и документални филмови за вистински злосторства, обожувал приказни во кои имало сексуално насилство, особено кога се проследени со слики од мртви или осакатени тела. Подоцна, откако ќе испиел поголема количина на алкохол (за кој што сметал дека е “многу важен стимулант“) ја “разгледувал општината“ доцна во ноќта барајќи незатворени прозорци каде што ги гледал жените додека се преоблекуваат или пак “нешто друго што вреди да се види“.

Банди има кажал на Микод и Ејнсворт дека тој уште како адолесцент „избрал да биде сам бидејќи не ги разбирал меѓучовечките врски“. Иако се криел зад друштвените активности во училиштето, тој тврди дека немал природно чувство за спријателување. „Не знаев како да започнам пријателство“, вели тој. „Не ја знаев суштината на дружењето“. Сепак пријателите на Банди од средното училиште Вудроу Вилсон (Woodrow Wilson High School) ù кажале на Ан Рул дека тој бил „познат и сакан“, „средно-голема риба во голем базен“. Негово единствено значајно хоби било скијањето на снег кое што го правел со ентузијазам користејќи украдена опрема и фалсификувани билети за жичара. Пред да го заврши средното образование, тој бил два пати уапсен под сомнение за кражба и крадење од коли. Кога наполнил 18 години, според законот во Вашингтон и во повеќето држави, деталите од овие настани биле избришани од неговото досие.

Универзитетските години

Банди матурирал во 1965. По една година во Универзитетот Puget Sound тој се префрлил во Универзитетот во Вашингтон (УВ) (University of Washington, UW), каде што интензивно студирал кинески јазик бидејќи сметал дека Кина ќе биде „земјата со која еден ден ќе мора да се соочиме“. Додека бил на универзитетот, Банди самиот се издржувал со неколку слабо платени аргатски работни места, како товарање производи и редење на полици во маркетот Сејфвеј (Safeway) во Сиетл на улицата Queen Anne Hill. Во 1967 тој бил во романтична врска со една од соученичките која е идентификувана со неколку псевдоними, а најпозната е како Стефани Брукс (Stephanie Brooks). Таа ја прекинала врската по дипломирањето во 1968 и се вратила кај нејзиното семејство во Калифорнија, заситена од, како што вели таа, незрелоста и неамбициозноста на Банди. Уништен од нејзиното одбивање, Банди се отпишал од универзитетот и тргнал кон исток, каде што ги посетил своите роднини во Арканзас и Филаделфија и посетил неколку часа на универзитетот Темпл (Temple University). Рул верува дека во овој период тој ја посетил канцеларијата за записи на родените во Барлингтон, Вермонт и ги дознал своите вистински родители.

Кога се вратил во Вашингтон во 1968 година, Банди се фокусирал и остварил некои планови. Тој ја водел канцеларијата на претседателската кампања на Нелсон Рокфелер (Nelson Rockefeller) во Сиетл и присуствувал на Републиканската национална конвенција во 1968 во Мајами, Флорида како поддржувач на Рокфелер. Тој повторно се запишал на универзитетот во Вашингтон, овој пат на Психолигија и станал одличен и почитуван студент од страна на професорите. Во 1969 тој ја сретнал Елизабет Клопфер (Elizabeth Kloepfer) од Огден, Јута (Ogden, Utah) (во литературата за Банди позната како Мег Андерс (Meg Anders), Бет Арчер (Beth Archer) или Лиз Кендал (Liz Kendall)), која што била разведена, имала млада ќерка и работела како секретарка во Медицинското училиште на универзитетот во Вашингтон. Нивната бурна врска траела долго по неговото прво затворање во Јута во 1976 година. Во 1971 тој започнува да работи и учи за два долари од час на телефонската линија за убиства во центарот за кризи во Сиетл. Таму тој работел покрај поранешниот командир на полицијата во Сиетл и идната крими писателка Ан Рул, која што подоцна ќе ја пишува официјалната биографија на Банди, The Stranger Beside Me. Рул во тоа време не забележувала ништо вознемирувачко во личноста на Банди и го опишува како „љубезен, грижлив и емпатичен“.

Банди ја добил својата диплома по Психологија на универзитетот во 1972 и се приклучил на предизборниот комитет на гувернерот Даниел Џ. Еванс (Daniel J. Evans) како волонтер. Банди го следел противникот на Еванс, поранешниот гувернер Алберт Роселини (Albert Rosellini) и ги снимал неговите говори за понатамошна анализа од страна на тимот на Еванс. Се случиле помали скандали кога Демократите го откриле Банди кој се претставувал како студент. По изборите, на Банди му била понудена работа како асистент на Рос Дејвис (Ross Davis), претседател на Републиканската партија на Вашингтон. Дејвис имал добро мислење за Банди и го опишувал како „паметен, агресивен... и верува во системот“. На почетокот на 1973 година, и покрај просечниот резултат на тестот за запишување на Правното училиште, тој бил примен во Правните училишта и на Универзитетот во Јута и на универзитетот Puget Sound поради препораките од Дејвис, од гувернерот Еванс и од неколку професори по психологија од универзитетот во Вашингтон.

За време на деловното патување во Калифорнија на Републиканската партија во летото 1973, Банди одново се вратил во животот на неговата поранешна девојка Стефани Брукс, која што се претворила во сериозна и посветена професионалка, влијателна во политичките кругови и која што исто така сакала да се запише на правен факултет. Банди продолжил да се гледа и со Клопфер и никоја од нив не била свесна за постоењето на другата. Есента, 1973, тој се запишал на UPS Правниот Факултет, иако на барање на Клопфер се сместил во Јута бидејќи нејзините родители работеле и живееле таму. За тоа време тој ја продолжил врската со Брукс и таа неколку пати летала до Сиетл за да биде со него. Тие разговарале за брак, дури еднаш Банди ја претставил пред Дејвис како негова свршеница. Сепак, во јануари 1974 година, тој наеднаш станал ладен и отсутен, престанал да ù се јавува и одбивал да и одговара на нејзините повици и писма. Кога конечно го слушнала по телефон, Брукс барала да ù се објасни зошто тој еднострано решил да ја прекине врската без никакво објаснување. Со смирен глас тој ù одговорил: „Стефани, јас немам поима што зборуваш...“ и ù исклучил. Таа никогаш повеќе не го слушнала, Подоцна тој објаснува „јас само сакав да си докажам дали ќе можам да се оженам со неа“. Банди почнал да ги испушта часовите на правното училиште и целосно прекинал да го посетува до пролетта во 1974. Во тоа време млади жени почнале да исчезнуваат во Северозападна Тикооеанија.

Првите две убиства

Вашингтон, Орегон

Нема конечна согласност за тоа кога и каде Банди почнал да убива жени. Банди раскажал различни приказни на различни луѓе и одбивал да открива детали за неговите најрани злосторства, иако призна одвратни детали за дузина подоцни убиства во деновите пред погубувањето. На последниот ден од неговиот живот тој му признал на адвокатот поли Нелсон (Polly Nelson) дека првото киднапирање го планирал во 1969, но не убил никој се до 1972. Претходно му кажал на некој психијатар дека убил две жени во Атлантик Сити (Atlantic City) во 1969 додека го посетувал семејството во Филаделфија. Во неговото претпоследно интервју со детективот Роберт Кепел (Robert Keppel), од округот Кинг (King County), тој спомнал убиство во 1972 и друго во 1973 вклучувајќи го автостоперот во близина на Тамвотер, Вашингтон (Tumwater, Washington), но одбил да соработува. Рул и Кепел веруваат дека веројатно почнал да убива уште како тинејџер. Има одредени докази дека убил млада девојка во Такома во 1961 кога имал само 14 години, иако тој негира. Неговите најрани документирани убиства се извршени во 1974 кога имал 27 години. До тогаш тој ги совладал (по неговото признание) сите потребни вештини во времето прет ДНК тестовите, за да остава минимум докази на местото на злосторството.

Кратко по полноќ на 4 јануари 1974, Банди влегол во подрумската спална на 18-годишната Џони Ленз (Joni Lenz) (псевдоним), танчарка и студентка на универзитетот во Вашингтон. Тој ја нападнал со метална шипка од рамката на нејзиниот кревет и потоа сексуално ја нападнал користејќи спекулум (инструмент за гинеколошки преглед) со што ù предизвикал големи внатрешни повреди. Таа останала во кома следните десет дена, но го преживеала нападот со трајно оштетување на мозокот. Еден месец подоцна, повторно доцна во ноќта, Банди провалил во собата на студентката на универзитетот во Вашингтон, Линда Ан Хили (Lynda Ann Healy) која што ги читала вестите за времето за скијачите на радио секое утро. Тој ја тепал до онесвестување, ја облекол во фармерки, бела блуза и чизми и ја киднапирал.

Млади студентки продолжиле да исчезнуваат една месечно. Во март Дона Геил Менсон (Donna Gail Manson), 19-годишна студентка на државниот колеџ Евергрин (The Evergreen State College) во Олимпија (Olympia), го напуштила нејзиниот стан за да оди на џез концерт во кампусот, но никогаш не се вратила. Во април Сузан Елен Ранкур (Susan Elaine Rancourt) исчезнала по попладневниот собир на советници во кампусот на државниот колеџ во Централен Вашингтон (Central Washington State College) (сега Универзитет на Централен Вашингтон Central Washington University) во Еленсбург (Ellensburg), 180 км југоисточно од Сиетл. Две студентки од Централен Вашингтон (Central Washington) подоцна пријавиле дека имале средби, едната пријавила средба ноќта кога Ранкур исчезнала, а другата три дена претходно, со човек на кој што раката му била преврзана и побарал помош да однесе куп книги до неговата кола Фолксваген Буба (Volkswagen Beetle). На 6 мај Роберта Кетлин Паркс (Roberta Kathleen Parks) го напуштила нејзиното живеалиште во државниот универзитет во Орегон (Oregon State University) во Корвалис (Corvallis), 420 км јужно од Сиетл, да пие кафе со нејзините пријатели во зградата на Унијата на студентите и никогаш не се вратила.

Детективите од Единицата за криминал врз личности од полициската станица во Сиетл значително се загрижија. Недостатокот од физички докази не им дозволи да продолжат со истрага. Исчезнатите девојки имале многу малку заеднички работи, освен тоа што сите биле млади, згодни и бели студентки, сите имале долга коса разделена на средината. На 1 јуни 22-годишната Бренда Карол Бел (Brenda Carol Ball), исчезнала откако ја напуштила таверната Флејм во Буриен, Вашингтон, близу до аеродромот Сиетл – Такома. Последен пат била видена на паркингот како зборува со маж со кафеава коса на кој што раката му била преврзана. Рано на 11 јуни, студентката на УВ, Џорџина Хокинс (Georgeann Hawkins) исчезнала додека се движела по добро осветлената алеа помеѓу станот на нејзиниот дечко и женскиот клуб. Следното утро детективите за убиства го пребараа целиот простор и не пронајдоа ништо. Откако исчезнувањето на Хокинс беше објавено на телевизија, се појавија сведоци кои виделе маж на патерици застанат на алеата близу до домот таа ноќ, мачејќи се да пренесе куфер. Една жена изјавила дека некој маж и` побарал помош да го качи куферот во колата, светло кафеава Фолксваген Буба.

За ова време Банди работел во Станицата за итни услуги на Вашингтон (Washington State Department of Emergency Services (DES)) во Олимпија, владина агенција која работела на потрагата на исчезнатите жени. Тој таму ја сретнал и се состанувал со Карол Ан Бун (Carole Ann Boone), два пати разведена мајка на две деца, која што шест години подоцна ќе има клучна улога во последната фаза од неговиот живот.

Постојано се појавуваа извештаи за шесте исчезнати жени и за Ленс. Која што беше брутално претепана во весниците и на телевизија низ Вашингтон и Орегон. Се рашири страв помеѓу народот и бројот на девојки кои што стопираат значително се намали. Притисокот се зголеми и кај агенциите за спроведување на законот, но недостатокот на физички докази ги спречуваше во работата. Барањата на новинарите за оние малку информации кои што ги имаа не можеа да бидат задовелени поради страв дека ќе им се наруши истрагата. Беа забележани и други сличности: исчезнувањата се случувале ноќе, обично блиску до места каде што се гради, во време на колоквиуми или испитна сесија, сите жртви носеле панталони или фармерки и на повеќето места на злосторство бил забележан човек кој носел патерици или завој и вози Фолксваген Буба.

Првиот бран на убиства на Банди кулминирал на 14 јуни со киднапирањето на две жени од преполната плажа во државниот парк на езерото Самамиш (Lake Sammamish State Park) во Исака (Issaquah), Вашингтон. Четири женски сведоци опишале згоден млад човек облечен во облека за играње тенис, а левата рака му била преврзана, зборувал на лесен акцент, канадски или британски. Себеси се претставил како „Тед“ и им побарал помош да го извлечат чамецот од неговата кола, жолто-кафеава или бронзена Фолксваген Буба. Тие четири жени одбиле, а една заминала со него сé додека не видела дека на колата нема чамец и потоа побегнала. Други тројца сведоци го виделе како и` пришол на 23-годишната Џанис Ан От (Janice Anne Ott), која што работела на случај за условно ослободување во малолетничкиот суд во округот Кинг (King County Juvenile Court), со приказната за чамецот и ја видел како ја напушта плажата со него. По четири часа Денис Насланд (Denise Naslund), 18-годишна девојка која учела за компјутерски програмер, го напуштила местото на пикникот за да оди во тоалет и никогаш не се вратила. Банди подоцна ќе признае дека От била сè уште жива кога се вратил со Насланд и дека едната била приморана да гледа додека ја убивал другата.

Детективите од округот Кинг (King County), конечно собрале доволно докази за деталниот опис на осомничениот како и за неговата кола и залепиле флаери насекаде низ Сиетл. Се направил и цртеж во регионалните весници и се покажал и на телевизија на локалните телевизиски станици. Елизабет Клопфер, вработените во DES, Ан Рул и еден професор по психологија од универзитетот во Вашингтон го препознале профилот, цртежот и колата и сите го пријавиле Тед Банди како можен осомничен. Сепак полицијата, која што добивала и по 200 можни осомничени, не верувала дека чист студент по право без криминално досие може да биде извршителот.

На 6 септември двајца ловци на тетреби ги пронашле остатоците од скелетот на От и Насланд близу патот во Исака, 3,2 км источно од езерото Самамиш. Исто така пронашле и бутна/натколенична коска и неколку пршлени, кои подоцна Банди ќе ги идентификува дека се на Џорџина Хокинс. Шест месеци подоцна пронајдени се черепите и долните вилици на Хели, Ранкур, Паркс и Бел на планината Тејлор (Taylor Mountain) (каде што Банди често се качувал), источно од Исака. Сите биле оштетени од тап предмет.

Ајдахо, Јута, Колорадо

Во август 1974 Банди повторно беше примен на правниот факултет на универзитетот во Јута и се преселил во Салт Лејк Сити (Salt Lake City), оставајќи ја Клопфер во Сиетл. Додека често се слушал со Клопфер, тој се гледал и со други жени, според него „најмалку дванаесет“. Додека живеел во Јута бил крстен во црквата The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints. Тој не бил активен член на Мормоните и ги игнорирал повеќето црковни ограничувања.

Нова линија на убиства почнала следниот месец почнувајќи со оние две кои нема да бидат откриени сé до признанието на Банди кратко пред неговото погубување. На 2 септември тој качил автостоперка во Ајдахо која што ја силувал и ја задавил. Нејзиниот идентитет е непознат и телото не е пронајдено. На 2 окромври тој ја грабнал 16-годишната Ненси Вилкокс (Nancy Wilcox) во Холадеј (Holladay), предградие на Салт Лејк Сити и ја одвлекол во зашумената област со намера да ги „смири“ своите патолошки потреби, вели тој, со тоа што ќе ја силува а потоа ќе ја пушти. Но тој тврди дека ненамерно ја задавил во обидот да ја замолчи.

Мелиса Смит (Melissa Smith), 17-годишната ќерка на шефот на полицијата во Мидвеил (Midvale) исчезнала на 18 октомври откако ја напуштила пицеријата каде што била. Нејзиното голо тело е пронајдено близу планинската област по девет дена. Таа била тепана, силувана, содомизирана и задавена. Посмртните испитувања покажуваат дека таа веројатно била жива седум дена по нејзиното исчезнување. Лаура Ејм (Laura Aime), исто така 17–годишна девојка, исчезнала на 31 октомври, на 40км јужно од Лехи (Lehi) по напуштањето на забавата за Ноќта на вештерките кратко по полноќ. Нејзиното тело со повреди слични како кај Смит е пронајдено на 14км североисточно во кањонот American Fork на Денот на благодарноста, од некои планинари. Таа исто така била силувана, содомизирана и задавена.

Во една дождлива ноемвриска вечер во Муреј, Банди и пришол на 18-годишната телефонска операторка Керол ДаРонч (Carol DaRonch) во трговскиот центар близу до пицеријата каде што Мелиса Смит била последен пат видена. Тој се претставил себеси како Офицер Роузленд од полициската станица во Муреј. Тој ù рекол дека некој се обидел да ја ограби нејзината кола и ù побарал да оди со него во полициската станица за да пополни жалба. Кога ДаРонч му забележала на Банди дека не вози по патот кој води до станицата, тој веднаш ја зграпчил и се обидел да ù стави лисици. За време на нивната борба, Банди ненамерно ги врзал двете алки од лисиците на едната рака и ДаРонч успеала да ја отвори вратата и да избега. Подоцна истата вечер, 17-годишната ученичка во средното училиште Вјумонт (Viewmont), Деби Кент (Debby Kent) исчезнала откако ја напуштила театарската продукција во школото за да го земе својот брат. Школскиот професор по драма и еден ученик ù кажале на полицијата дека некој „странец“ ги повикал и двајцата да дојдат до паркингот да идентификуваат кола. Друг ученик подоцна го видел истиот човек најназад во публиката, а професорот по драма го забележал повторно кратко пред крајот на претставата. Истражувачите подоцна пронајдоа клучеви надвор од салата кои одговарале на лисиците со кои што била врзана Керол ДаРонч.

Откако во ноември Елизабет Клопфер прочитала дека млади девојки исчезнуваат, овојпат околу Салт лејк Сити, повторно ја повикала полицијата во округот Кинг. Таа детално била испрашувана од детективот Ренди Хергесхајмер (Randy Hergesheimer) од одделот за Сериозен криминал. До тогаш Банди беше меѓу првите осомничени, но сведоците од Лејк Самамиш не беа веродостојни откако детективите не успеаја да го фатат на камерите. Во декември Клопфер повторно се јавила во полиција и ги повторила нејзините сомневања, но тие сè уште немале валидни докази кои би го поврзале со злосторствата во Јута. Во јануари 1975 Банди се вратил во Сиетл по неговиот последен испит и поминал една седмица со Клопфер која што не му кажала дека три пати го пријавила во полиција. Таа планирала да го посети во Салт Лејк Сити во август.

Во 1975 година Банди ги насочил повеќето од неговите злосторства источно во Колорадо, но продолжил да живее и да го посетува правниот факултет во Јута. На 12 јануари 23-годишната болничка сестра Карин Кемпбел (Caryn Campbell) решила да земе списание од нејзината соба во Wildwood Inn (сега Wildwood Lodge) во Сноумас (Snowmass). Нејзиниот свршеник ја гледал како влегува во лифтот во лобито на хотелот а колегите ја виделе како погоре излегува од него. Таа исчезнала во осветлениот ходник, помеѓу лифтот и нејзината соба. Нејзиното голо тело било пронајдено еден месец подоцна на прашливиот пат блиску до одморалиштето. Таа била убиена со тап предмет кој оставил линеарна трага на нејзиниот череп. На нејзиното тело имало исекотини од остро оружје. На 160км западно, на 15 март, во Веил (Vail), 26-годишната инструкторка по скијање Џули Канингам (Julie Cunningham), исчезнала додека се движела од нејзиниот апартман кон средбата со нејзиниот пријател. Подоцна Банди им кажал на детективите во Колорадо дека ù пришол на патерици и ја прашал дали ќе му помогне да ги однесе неговите скии до колата, каде што ја удрил и ја врзал а потоа ја злоставил и ја задавал на второто најблиско место близу Рајфл, Колорадо (Rifle, Colorado). Неколку седмици подоцна тој возел шест часа од Салт Лејк Сити за да го посети нејзиното мртво тело. 25-годишната Денис Оливерсон (Denise Oliverson) исчезнала близу Големиот Железнички мост (Grand Junction) на 26 април додека со велосипед одела кон куќата на нејзините родители. Нејзиниот велосипед и сандали биле пронајдени под каналот за вода близу до железничкиот мост. На 6 мај Банди ја грабнал 12-годишната Линет Кулвер (Lynette Culver) од нејзиното школо во Покатело, Ајдахо (Pocatello, Idaho), 260км западно од Салт Лејк Сити, ја однел во неговата хотелска соба каде што ја силувал и ја удавил.

Во средината на мај тројца негови соработници, вклучувајќи ја и Керол Ан Бун го посетиле во Салт Лејк Сити и останале една седмица во неговиот апартман. Банди поминал една седмица во Сиетл со Клопфер на почетокот на јуни и разговарале да се венчаат на Божиќ. Сепак, Клопфер не му споменала ништо за нејзините разговори со полицијата, а Банди, пак, не ја открил неговата врска со Бун, ниту пак романсата со студентката во Јута позната како Ким Ендрју или Шерон Ауер (Kim Andrewѕ или Sharon Auer).

Сузан Куртис (Susan Curtis) исчезнала на 28 јуни од кампусот на универзитетот Brigham Young во Прово (Provo), 72км јужно од Салт Лејк Сити. Убиството на Куртис било последното кое што Банди го признал, во моментот кога низ ходникот го носеле во собата за погубување. Телата на Вилкокс, Кент, Канингам, Кулвер, Куртис и Оливерсон никогаш не се откриени.

Истражувачите во Вашингтон сè уште се бореле да го анализираат бранот на убиства во Тихоокеанија кој завршил нагло исто како што почнал. Во еден обид да се справат со купот податоци, тие се свртеа кон една, тогаш иновативна, стратегија на собирање на база на податоци. Тие го искористија компјутерот од наплатната рампа на округот Кинг (King County), „огромна примитивна машина“ според денешиот стандард, но единствена која им била достапна за употреба. Откако ги внеле листите со имиња кои што ги имале од соученици и познаници на секоја жртва, сопственици на Фолксваген со име „Тед“, познати сексуални криминалци и така натаму, компјутерот направил пребарување за совпаѓања. Од илјадници имиња, 26 се појавиле на четири различни листи, едно од кои што било и на Тед Банди. Тие и рачно составиле листа на „топ“ 100 осомничени, и Банди се појавил и на оваа листа. Тој буквално бил „на врвот на кулата“ на осомничени кога ги известиле дека е уапсен во Јута.

Апсење и прво судење

Банди бил уапсен во август 1975 од патролен полицаец на автопат во Јута во Гренџер (Granger), предградие на Салт Лејк Сити откако не застанал за рутинска сообраќајна проверка. При пребарувањето на неговата кола полицијата пронашла маска за скијање, друга маска направена од хулахопки, хебла, лисици, вреќи за ѓубре, јаже, стап за кршење мраз и други предмети за кои на почетокот ссе сомневале дека се алати за провалување. Банди мирно објаснил дека маската му е за скијање, лисиците ги нашол во контејнер а останатото се вообичаени домаќински предмети. Сепак детективот Џери Томпсон (Jerry Thompson) се сетил на многу сличен осомничен и на описот на колата од киднапирањето на ДаРонч во ноември 1974, а и на името на Банди од телефонските повици на Клопфер од декември 1974. При пребарувањето на апартманот на Банди полицијата пронашла мапа на скијачките одморалишта во Колорадо на која бил обележан хотелот Wildwood Inn и брошура од претставата во средното училиште Вјумонт во Баунтифул (каде што исчезна Деби Кент), но немале ништо за што можат да го обвинат. Тој бил ослободен со кауција. (Банди подоцна изјавил дека пребарувачите пропуштиле колекција од полароидни фотографии на неговите жртви скриени во помошната просторија кои што ги уништил откако бил ослободен).

Банди бил под 24-часовен надзор од полицијата на Салт Лејк Сити, а Томпсон (Thompson) и уште двајца детективи отишле во Сиетл за да ја испрашаат Клопфер. Таа им кажала дека годината пред да се пресели во Јута, Банди често бил излезен подолго во ноќта, а потаа спиел дење. За тоа време таа нашла предмети што „не припаѓаат“ на нејзината куќа и нејзиниот апартман – патерици, кесичка со фластери за кои што тој признал дека ги украл од зградата за медицински прибор, месарски нож, кој што го земал кога се селел во Јута, медицински ракавици, ориентален нож во дрвена кутија што го чувал во преградата со ракавици и ташна полна со женски алишта. Таа се сомневала дека Банди (кој тогаш им должел пари на многу луѓе) ги украл повеќето од предметите со некаква вредност или пак ù ги давал како подароци. Кога еднаш се скарале за нов телевизор и звучници за кои што таа знаела дека не можат да си ги дозволат, тој ù се заканил дека „ако каже некому, ќе ù го скрши вратот“. Таа кажала и дека Банди се вознемирувал секогаш кога ќе помислела да ја скрати косата што ù била долга и разделена на средината. Таа понекогаш се будела среде ноќ и го наоѓала Банди под покривката со светилка во рака како го набљудува нејзиното тело. Друг пат, пак, спиел во неговата кола надвор од дома. Разгледувањето на календарот на Клопфер покажало дека Банди никогаш не бил со неа ниедна од ноќите кога жртвите од северозападна Тихоокеанија исчезнувале, ниту пак на 14 јули, денот кога От и Насланд се киднапирани. Кратко потоа, Клопфер била испитувана од детективот за убиства од Сиетл Кети Мекчезни (Kathy McChesney). Тогаш таа за прв пат дознала за Стефани Брукс и нивната брза свршувачка со Банди околу Божиќ, 1973 година.

На 2 септември Банди ја продал неговата Буба на некој тинејџер од Мидвеил. Полицијата од Јута ја запленила а техничарите на ФБИ ја расклопиле и ја пребарувале за докази. Тие најдоа влакна кои што одговараат на оние на Карин Кемпбел и траги на хеблата конфискувана за време на првото апсење на Банди која што одговарала на трагите направени од тап предмет на черепот на Кемпбел.

На 2 октомври, 1975 година, Банди бил на распознавање од страна на ДаРонч, која што веднаш го идентификувала како „полицаец Роузленд“. Сведоците од Баунтифул го препознале како странецот кој се врткал околу публиката во средното училиште. Немало доволно докази кои ќе го поврзат со Деби Кент (чие што тело не е пронајдено), но повеќе од доволно за да го обвинат за киднапирање и намера за злоставување во случајот на ДаРонч. Тој бил ослободен со кауција од 15 000 долари (платени од неговите родители) и тој поголемиот дел од времето го поминувал во тужби и судења во Сиетл во куќата на Клопфер. Полицијата во Сиетл немала доволно докази за да го обвини за убиствата во северозападна Тихоокеанија, но постојано го надгледувале. „Кога јас и Тед испаднавме на тремот за да одиме некаде“ напишала Клопфер, „толку многу полициски коли забрчеа што звучеше како да стартува Инди 500“.

Во ноември тројцата главни истражувачи на случајот на Банди, Џери Томпсон од Јута, Роберт Кепел од Вашингтон и Мајкл Фишер (Michael Fisher) од Колорадо се сретнаа со 30 детективи и тужители од пет држави во Аспен, Колорадо и средбата ја нарекле Самитот во Аспен (Aspen Summit). Беа разменети голем број информации и сите страни биле убедени дека Банди е убиецот што го бараат. Сепак биле присилени да заклучат дека немаат доволно цврсти докази за понатамошни обвинувања.

Банди бил на судење во февруари 1976, откажувјќи се од правото на порота според советот на неговиот советник, високо реномираниот адвокат за одбрана Џон О‘Конел (John O'Connell) поради публицитетот на случајот. По четиридневно судење, судијата го прогласи за виновен за киднапирање и напад, но ги намали обвиненијата на втор степен. На 30 јуни тој бил осуден на една до петнаесет години затвор.

По судењето за ДаРонч, лабораторијата на ФБИ дошла до други откритија од колата на Банди. Освен влакната на Кемпбел, тие пронашле и „микроскопски нераспознатливи“ влакна од косата на Мелиса Смит и Керол ДаРонч. Вилијам Нил (William Neil), специјалист од лабораторијата на FBI заклучил дека „зачудувачки ретко се случува“ влакна од три жртви кои што никогаш не се сретнале да се најдат во една кола. На 22 октомври властите во Колорадо го обвиниле Банди за убиство на Карин Кемпбел. Тој се откажал од екстрадиција и бил префрлен во Аспен во јануари, 1977 година.

Бегање

На 7 јуни 1977, банди бил префрлен од општинскиот затвор во Гленвуд Спрингс (Glenwood Springs) во судот во округот Питкин (Pitkin County Courthouse) во Аспен за прелиминарно сослушување. Тој одбрал самиот да си биде адвокат и затоа не носел лисици на рацете или пак пранги на нозете. За време на паузата тој побарал да ја посети библиотеката на судот за да го истражува неговиот случај. Скриен зад полиците со книги тој го отворил прозорецот и скокнал од втор спрат, изместувајќи го неговиот десен зглоб на ногата. Откако испаднал од градот, тој стопирал кон планината Аспен каде што провалил во ловечка колиба близу до врвот и од таму украл храна, облека и пушка. Следниот ден ја напуштил колибата и се движел јужно кон градот Crested Butte, но се изгубил во шумата. Два дена бесцелно талкал во круг на планината и пропуштил два воза кон посакуваното место. На 10 јуни провалил во камп-приколка на езерото Марун (Maroon Lake), земал храна и јакна за скијање и се вратил западно кон Аспен, избегнувајќи ги групите кои што го барале. На 13 јуни украл кола од игралиште за голф во Аспен. Измрзнат, ненаспан и со постојани болки во зглобот, возел назад кон Аспен каде што двајца полицајци го забележале неговото неконтролирано возење и го сопреле. Тој бил во бегство шест дена. Во колата имало мапи од планинската област околу Аспен кои што тужителите ги искористиле за да го најдат местото каде што е телото на Керин Кемпбел (како свој бранител, Банди рекол дека го користи своето право на откритија), потенцирајќи дека бегството било претходно испланирано.

Назад во затворот, Банди смислил нов план за бегство. Тој се снабдил со бонсек од друг затвореник, а подоцна изјавил дека прошверцувал повеќе од 500 долари со посетите на неговите пријатели, поточно Керол Ан Бун, во период од шест месеци. Навечер, додека сите затвореници се туширале, Банди направил дупка од 30цм квадратни на аголот од таванот во неговата ќелија и откако ослабел 16кг можел да се спротне во дупката и да испадне во тесниот простор помеѓу таванот и покривот. Следните неколку седмици тој правел проби за бегање истражувајќи ги параметрите на просторот. Некој доушник им кажал на полицајците дека слушнал како нешто се движи по таванот во текот на ноќите, но тоа никогаш не било испитано. На 23 декември, 1977, судијата од Аспен дозволил преместување за Банди во затворот Колорадо Спронгс (Colorado Springs). Една седмица подоцна, ноќта пред да биде преместен, Банди ставил книги и папки под ќебето во неговиот кревет за да изгледа како тој да спие и се протнал на таванот. Тој испаднал низ една мала дупка и се симнал надолу во плакарот на еден од затворските чувари, кој заедно со жена си биле испаднати таа вечер, и од предната врата испаднал на слобода.


Откако украл кола од паркингот близу до затворот, Банди возел источно од затворот, но брзо потоа колата му се расипала на подножјето од планините на автопатот Interstate 70, заглавувајќи среде ноќ во снежна бура. Некој моторџија што поминувал оттаму го пренел до Ваил (Vail), 97км кон исток. Од таму тој фатил автобус до Денвер каде се качил на авион за Чикаго. Полицајците во затворот во Колорадо не сфатиле дека го нема се до утрото на 31 декември, седумнаесет часа по неговото бегство кога тој веќе бил во Чикаго.

Флорида

Банди со воз патувал од Чикаго до Ан Арбор, Мичиген (Ann Arbor, Michigan), каде што изнајмил соба во YMCA. На 2 јануари во барот Ann Arbor го гледал неговиот поранешен универзитет од Вашингтон како го победува Мичиген во 1978 Rose Bowl. Четири денна подоцна тој украл кола и тргнал да вози кон југ. Откако колата му се расипала во Атланта, Џорџија, тој се качил на автобус и се симнал во Талахаси, Флорида (Tallahassee, Florida), на 8 јануари. Тој изнајмил соба под името Крис Хаген (Chris Hagen) во куќа блиску до кампусот на државниот универзитет на Флорида. Подоцна Банди изјавил дека на почетокот имал намера да најде работа и да прекине со криминалните активности знаејќи дека во Флорида може засекогаш да остане слободен и незабележан се додека не го привлече вниманието на полицијата. Сепак, кога аплицирал за работа на градежен локалитет, шефот на персоналот побарал идентификација. Тој само се извинил и заминал. Тоа бил единствен обид да најде работа и им се вратил на старите навики на крадење од продавници и ташни од жени.

Една седмица по неговото доаѓање во Талахаси, во околу 3 часот на 15 јануари 1978 банди влегол во куќата на сестринството Chi Omega во Флорида. Тој ја претепал 21-годишната Маргарет Боуман (Margaret Bowman) со гранка од даб додека спиела а потоа ја задавил со најлонски хулахопки. Потоа се свртел кон 20-годишната Лиза Леви (Lisa Levy), ја тепал до онесвестување, ù откорнал една брадавица, ја гризнал длабоко на задникот и сексуално ја злоставил со шише од спреј за коса. Таа починала следниот ден на пат кон болницата. Во спалната која се граничела со нејзината ги нападнал Кети Клејнер (Kathy Kleiner) која што се здобила со скршена вилица и длабоки рани на рамото, и Карен Чендлер (Karen Chandler) која што се здобила со потрес на мозокот, скршена вилица, скршени заби и скршен прст. Откако го напуштил сестринството, Банди провалил во зграда со апартмани на осум блока и ја нападнал студентката Шерил Томас (Cheryl Thomas), ù го изместил рамото, ù ја скршил вилицата и черепот на пет места. Таа засекогаш ја изгубила рамнотежата и тоа ù ја нарушило танцувачката кариера.

На 8 февруари Банди возел 240км на исток кон Џексонвил (Jacksonville) во комбе украдено од Универзитетот. Тој ù пристапил на 14-годишната ќерка на полицискиот детектив од Џексонвил, Лесли Парментер (Parmenter) на паркингот претставувајќи се како „Ричард Бартон од Одделот за Пожари“ ("Richard Burton, Fire Department"), но се повлекол кога дошол нејзиниот постар брат. Следниот ден поминал 97км до Лејк Сити (Lake City). Тоа утро, во средното училиште во Лејк Сити, 12-годишната Кимберли Даен Лич (Kimberly Diane Leach) била повикана од професорот да оди до својата соба за да си ја земе ташната која што ја оставила таму и никогаш не се вратила на час. Седум седмици подоцна нејзините делумно зачувани останки се пронајдени во фарма за свињи близу државниот парк на реката Сувани (Suwannee River State Park), на 48км од Лејк Сити.

На 12 февруари, Банди заминал од Талахаси преку граничниот појас во Флорида. Три дена подоцна во околу 1 часот по полноќ бил сопрен од полицаецот Дејвид Ли (David Lee) близу до државната граница со Алабама и по проверката се докажало дека колата е украдена. Кога полицаецот му соопштил на Банди дека е уапсен, Банди го клоцнал во ногата и избегал. Ли испукал предупредувачки куршум, потоа уште еден и почнал да го брка. Тие се бореле за пиштолот сé додека полицаецот не го совладал и го уапсил. Во колата имало три лични карти од стидентките на државниот универзитет од Флорида, 21 украдени кредитни картички и украден сет за телевизија. Ли го одвел осомничениот во затвор без да биде свесен дека уапсил еден од десетте најбарани бегалци од ФБИ, а Банди пак рекол „Посакувам да ме убиеше“.

Судењата во Флорида, брак

По една година откако го сменил местото во Мајами, Банди бил суден за убиствата, нападите и ситните грабежи во Талахаси. Судењето, првпат на националната телевизија, било проследено од 250 новинари од петте континенти. И покрај присуството на пет адвокати назначени од судот, Банди поголемиот дел од одбраната го завршил сам. Според Мајк Минерва (Mike Minerva), јавен бранител на Талахаси и член на тимот за одбрана на Банди пред да биде отпуштен, се одвивало преговарање пред судењето за казна од 75 години затвор за убиство на Леви, Боуман и Лич ако се изјасни виновен. Банди го одбил договорот во последната минута. "Тогаш сфати дека ќе треба да застане пред цел свет и да признае дека е виновен“, вели Минерва. „Тој едноставно не можеше да го направи тоа“. Во клучните компромитирачки докази спаѓаат и сведочењето на членката на Chi Omega Нита Неари (Nita Neary) која што го видела Банди како ја напушта куќата на сестринството, како и отпечатоците од гризање оставени на задникот на Леви, кои што форензичарите ги споредија со калапот излеан според забите на Банди. Поротата донела одлука за помалку од седум часа и тој бил обвинет по сите преставки во јули 1979. Тој добил смртна казна за двете убиства и дополнителни доживотни казни во затвор за напад и телесни повреди на преживеаните жртви од Талахаси.

Шест месеци подоцна почнало судењето во Орландо за убиството на Кимберли Лич. По кратко време тој повторно бил прогласен за виновен, благодарение на конците пронајдени во украденото комбе и на телото на Лич кои имале невообичаена фабричка грешка. Овие конци се совпаѓале со палтото на Банди кое што го носел кога бил уапсен. Исто така имало и сведок кој што го видел Банди како ја носи Лич од училишниот двор до неговото комбе. По трет пат бил осуден на смрт на електричен стол. Кога Банди ја слушнал пресудата, тој станал и извикал: „кажете ù на поротата дека греши“. (Оваа пресуда е единствената која што ќе биде извршена повеќе од девет години подоцна).

Додека ја одлежувал казната од судењето во Орландо, Банди искористил чуден закон на Флорида во кој стои дека изјавата за брак во суд во присуство на судија претставува легален брак. Додека ја испрашувал поранешната соработничка од DES, Керол Ан Бун, која што се преселила во Флорида за да биде блиску до Банди, сведочела во негова одбрана за време на двете судења и во негово име, тој ја побарал за жена. Таа се согласила и Банди се изјаснил пред судот дека се легално венчани. Во октомври 1982 Бун родила ќерка. Бидејќи брачните посети не биле дозволени во затворот Рејнфорд (Raiford Prison), затворениците ги поткупувале чуварите да им дозволуваат да бидат насамо со своите женски посетителки. Бун побарала развод во 1986, кратко пред неговата последна пресуда за погубување. Сегашните податоци за Бун и нејзината ќерка не се од јавен интерес.

Смртни пресуди, исповед, погубување

Кратко по одлуката на судењето за случајот Лич и на почетокот на долгиот период на жалби, Банди дознал дека писателот на криминално право, Стефан Г. Микод (Stephen G. Michaud) и новинарот Хју Ејнсворт (Hugh Aynesworth) собираат материјал за да пишуваат книга за него. Тој во тоа видел можност да влијае на содржината на книгата и можеби да предизвика чувства кај јавноста со цел да се сменат неколкуте смртни казни и затоа се согласил на повеќе интервјуа во кои што ветил дека ќе ја покаже неговата невиност. Но, тој немал што да каже во своја одбрана и како што интервјуата напредувале, Банди почнал за прв пат да открива детали за неговите злосторства и мисловни процеси и цело време зборувал во трето лице за да ја избегне „стигмата на исповед“.

Тој раскажал за неговата кариера како крадец и го потврдил долгото сомневање на Клопфер дека речиси сè што поседувал е украдено. "Ќе се напиев неколку пива... навистина во големи количини, така пијан... ќе влезев во продавница, (понекогаш) веднаш до излогот и ќе си заминев со тоа што го сакав... Кој ќе се сомнева ако влезеш внатре како да припаѓаш таму?“ „Најмногу ме задоволуваше поседувањето на сето она што ќе го украдев. Навистина уживав да имам нешто... што го сакав и испаѓав и го земав тоа“, вели тој. Се докажа дека поседувањето бил важен мотив за силувањата, како и за убиствата. Тој почнал да киднапира жени откако нормалниот секс престанал да го задоволува. Тој вели дека сексуалните напади му ја надополнувале потребата за „целосно поседување“ на неговите жртви. На почетокот тој ги убивал жените „затоа што е практично... да ја елиминира можноста да биде фатен“. Сепак, подоцна, убиствата станале дел од „авантура“. „Врвното чувство на поседување, впрочем, беше одземањето на нивниот живот“, вели тој, „а потоа... физичкото поседување на нивните останки“.

Банди исто така му се доверил и на специјалниот агент Вилијам Хегмаер (William Hagmaier) единицата за бихевиорални науки на FBI. Хегмаер бил зачуден од тоа колку „длабока, речиси мистична садисфакција“ добивал Банди од неговите убиства. Хегмаер вели „Банди рече дека по некое време, убиството не е само криминал од страст или насилство, тоа станува опседнатост, Тие се дел од тебе... (жртвите) стануваат дел од тебе и вие (двајцата) сте засекогаш едно... и земјата каде што си ги убил или си ги оставил се свети за тебе и секогаш ќе се навраќаш таму“. Банди му кажал на Хегмаер дека во раните години себеси се сметал за „аматер“ и „импулсивен“ убиец пред да премине во, како што тој ја нарекува, „примарна“ или „предаторска“ фаза во периодот околу убиството на Линда Хили во 1974. Ова имплицира дека тој почнал да убива пред 1974 иако тој никогаш јасно не го признал тоа.

Во јули 1984 чуварите во Рејфорд пронашле два бонсека во ќелијата на Банди. Една железна шипка од прозорот била целосно исечена на дното и на врвот и залепена со лепило направено од сапун. По неколку месеци тој повторно ја сменил ќелијата откако чуварите пронашле огледало во неговата ќелија.

Во октомври 1984 Банди веќе се сметал себеси за експерт за сериски убијци и контактирал со Роберт Кепел и понудил да ја сподели со нив својата само-прогласена експертиза за гонењето на неговиот наследник во Вашингтон, убиецот од Грин Ривер (Green River). Кепел и детективот од единицата за специајлни задачи од Грин Ривер, Дејв Рејхарт (Dave Reichert) го интервјуирале Банди, а подоцна била напишана и книга, но Гари Леон Риџвеј (Gary Leon Ridgway) бил фатен 17 години подоцна без помошта на Банди.

Некаде во пролетта 1986 Банди им признал на Хегмаер и Нелсон нешто што тие верувале дека се сите негови пустошења/злосторства и детали за тоа што им правел на некои од жртвите по нивната смрт. Тој ги посетувал планината Тејлор, Исака и други секундарни места на злосторство, често и по неколку пати, за да лежи со неговите жртви и да има секс со нивните распаднати тела се додека целосното распаѓање не го сопре. Во некои случаи тој возел и по неколку часа во секој правец и останувал преку цела ноќ. Во Јута тој го шминкал безживотното лице на Мелиса Смит и постојано ја миел косата на Лора Ејм. Тој му рекол на Хегмаер дека „ако имаш време, тие можат да бидат сé што ти ќе посакаш да бидат“. Тој го потврдил долгото сомневање дека обезглавил неколку од неговите жртви со бонсек и дека чувал неколку глави во неговиот стан одредено време пред да се ослободи од нив, најверојатно оние што се најдени подоцна на планината Тејлор (на Ранкут, Паркс, Бал и Хили).

На крајот на 1988 година, Врховниот суд ја одби и последната од многуте негови жалби. Со наближувањето на погубувањето и без повеќе причини да ја крие вистината, Банди се согласил искрено да зборува со детективите од различни правни области. На Кепел му ги признал сите осум убиства во Вашингтон и Орегон за кои што бил првоосомничен. Тој опишал и дополнителни три, претходно непознати жртви од Вашингтон и две во Орегон и за сите одбил да ги идентификува (ако воопшто ги познавал). Тој рекол дека петтото тело, на Дона Менсон, го оставил на планината Тејлор, но нејзината глава ја изгорел во каминот на Клопфер. („Од сите работи што ù ги направив на оваа жена“, му рекол на Кепел, „ова е најверојатно таа за која никогаш нема да ми прости. Кутрата Лиз“.) Тој во детали го опишал киднапирањето на Џорџина Хокинс од осветлената улица пред универзитетот во Вашингтон, како ја одвлечкал до неговата кола, како возел до Исака, како ја силувал и ја задавил, како ја поминал целата ноќ со нејзинотот тело и како подоцна три пати ја посетил. Кепел вели дека „тој ги опишувал местата на злосторство во Исака (каде што се пронајдени коски на От, Насланд и Хокинс) речиси како да е таму, како да гледа сé. Тој беше внесен во зборувањето затоа што поминал многу време таму. Тој секогаш е целосно обземен од убиството“.

Тој им признал многу дополнителни убиства на детективите од Ајдахо, Јута и Колорадо, дури и неколку за кои полицијата не била свесна, но скрил многу детали поради што мислел дека погубувањето ќе се одложи. „Има и други закопани останки во Колорадо“, признал тој но одбил понатаму да соработува. Но, и кога давал детали, ништо не било откриено. Детективот Мет Линдвал (Matt Lindvall) од Колорадо го објаснил ова како конфликт меѓу неговата желба за одложување на погубувањето со тоа што нема да дава информации и неговата потреба за „целосно поседување – да биде единствена личност која што знае каде навистина се закопани неговите жртви“. Во декември 1988 еден од легалните адвокати кој што работел за банди побарал од семејствата на жртвите од планинските држави да му пишат на гувернерот на Флорида Роберт Мартинез (Robert Martinez) и да побараат уште едно одложување (а тој веќе добил две), што ќе му даде на Банди повеќе време да открие нови информации. Сите одбиле и Мартинез се изјаснил дека нема да дозволи нови одложувања за ниеден случај. „Нема да дозволиме да манипулира со системот“, изјавил пред новинарите. „Незамисливо е да се преговара за неговиот живот во врска со телата на останатите“.

Хегмаер бил присутен на последните испрашувања на Банди од страна на детективите. Пред неговото погубување, тој зборувал за самоубиство. „Тој не сакаше да ù го даде на државата тоа задоволство да го гледаат како умира“, вели Хегмаер. Тед Банди почина на електрична столица во затворот Реифорд во 7:16 по источно време, на 24 јануари, 1989 година. Неговите останки се кремирани а пепелта е расфрлана на непозната локација на планината Cascade Mountains во Вашингтон.

Начин на извршување и профили на жртвите

Банди имал два одделни и многу различни начини на работа (modi operandi (M.O.)), иако неговото прво документирано убиство (Lynda Healy's) е комбинација од двата. Во двата случаи тој избирал меѓу напад со тап предмет и давење. Сите пронајдени черепи, освен оној на Кимберли Лич, покажале докази за удар со тап предмет, често со скршени предни заби. Секој кадавер на кој што било можно да се направи аутопсија, покажал знаци на задавување. Тој намерно одбегнувал огнени оружја поради звукот што го прават и балистичките докази што ги оставаат. Банди бил неверојатно вешт во криењето на физички докази. Неговите отпечатоци од прсти никогаш не се пронајдени на местата на злосторството, ниту пак некаков неспорен доказ на вина, факт што тој често го повторувал со текот на годините со што ја покажувал својата невиност.

Неговиот наједноставен модус операнди (M.O.) се состоел од насилна провала доцна во ноќта проследена со насилен напад со тапо оружје врз заспаната жртва. Овие напади биле секогаш тивки и најчесто неоткриени до следното утро. Овие жртви биле сексуално злоставени со инертни предмети и сите биле оставени легнати, во кома или мртви. Во поразработените техники, Банди користел различни методи да ги намами жртвите во неговата кола, каде што чувал оружје, најчесто хебла. Во многу случаи тој ја лепел ногата со фластер, ја преврзувал раката, а некогаш одел со патерици, потоа барал помош да однесе нешто до неговото возило. Некогаш, пак, се претставувал како полицаец или пожарникар. Кога жртвата била близу или во неговата кола, тој ја совладувал, ја тепал и врзувал со лисици. Повеќето од нив биле сексуално злоставени и задавени, или на првичното место на злосторството или (највообичаено за него) откако ќе ги однесел на претходно одбрано, доволно оддалечено место.

На второто место тој ги соблекувал жртвите и потоа ја палел нивната облека, или пак во еден случај (на Џули Канингам (Julie Cunningham)) ја однел во контејнерот за Добротворни прилози. Банди објаснил дека соблекувањето на облеката било ритуал, но исто така и практично атоа што ги намалува шансите да остави траги и докази на местото на злосторството што ќе го поврзат со него. (Сепак, производната грешка на материјалот на неговата облека бил клучен доказ за поврзаноста со Кимберли Лич). Тој често ги посетувал вторичните места на злосторствата за да врши акти на некрофилија и ги сликал повеќето жртви. „Кога напорно работиш за да направиш нешто како што треба“, му рекол на Хегмаер, „тогаш не сакаш да го заборавиш“. Банди им кажал на Кепел, а подоцна и на Микод дека конзумирањето на големи количини на алкохол бил „основна компонента“ и дека требало да биде „екстремно пијан“ за време на демнењето со цел „значително да ги потисне“ чувствата и да ја „седатира“ „доминантната личност“ за која што се плашел дека може да спречи неговото внатрешно „битие“ импулсивно да реагира. Банди избегнувал позитивна идентификација долго време делумно затоа што неговите фацијални црти биле општи и не посебно впечатливи. Претходно полицијата се жалела на залудното покажување негови слики на сведоците – тој изгледал различно на секоја слика. Лично за мене, вели Стјуарт Хенсон Јуниор (Stewart Hanson, Jr), судија на судењето за ДаРонч „... неговиот израз толку го менува неговиот комплетен изглед што имаше моменти кога не можеш да веруваш дали гледаш во истата личност“. „Тој стварно беше променлив“. Друг пак го има опишано „како камелеон“ со тоа што можел значително да го смени својот изглед со неколку измени во неговите црти со тоа што ќе додадел или одземал фацијални влакна или пак ќе ја сменел фризурата. Дури и неговата кола Фолксваген Буба била тешка да се идентификува. Сведоците различно ја опишувале бојата на неговата кола како металик или мат, жолто-кафеава или бронзена, светло или темно кафеава. Сите познати жртви на Банди биле бели жени, повеќето од средната класа. Речиси сите биле помеѓу 15 и 25 години и повеќето биле студентки од колеџ. Никоја од нив не му била девојка или пак познаничка и нема доказ дека се сретнал или се познавал со некоја од нив пред да ги нападне. (Пред да го погубат, Банди и рекол на Клопфер дека намерно се оддалечувал од неа „кога чувствувал дека во него се зголемува моќта на неговата болест“.) Рул забележала дека повеќето од идентификуваните жртви имаат долга и права коса, разделена на средина, како кај Стефани Брукс, девојката која го отфрлила и со која подоцна се свршил и ја одбил за да ù се одмазди. Рул се сомнева дека омразата кон неговата прва девојка ги поттикнала постојаните убиства и го терала да цели девојки кои што го потсетуваат на неа. Банди ја негирал оваа препоставка велејќи му на Хју Ејнсворт (Hugh Aynesworth) „Тие... едноставно одговараа на општиот критериум на тоа да се биде млад и згоден“. „Премногу луѓе мислеа дека сите девојки се слични... (но) речиси се беше различно... физички, тие речиси сите беа различни“. Тој признал дека младоста и убавината биле „апсолутни критериуми“ во изборот на неговите жртви.

Патологија

Банди поминал неколку психијатриски испитувања и неговата дијагноза често се менувала. Дороти Отноу Луис (Dorothy Otnow Lewis), Професор по психијатрија во Медицинскиот центар на универзитетот во Њу Јорк (New York University Medical Center) во одделот за насилно однесување, на почетокот даде дијагноза на биполарно (мканијакално-депресивно) пореметување. Подоцна таа повеќе пати го смени мислењето. Додека другите психијатри и психолози имаа исти потешкотии во одредувањето на специфична дијагноза, разгледувањето на доказите водело кон нешто друго од биполарно наручување или други психози. Класичните критериуми за една или повеќе нарушувања на личноста (или постариот термин „психопатија“) биле лесно препознатливи кај Банди. За разлика од психотиците/психопатите, овие луѓе можат да разликуваат добро од лошо, но таа способност има мало влијание на нивното однесување. Тие се оградуваат од чувството на вина или каење, нешто што самиот Банди го признал. „Чувството на вина навистина нема да реши ништо“, изјавил тој во 1981. „Тоа може да ве повреди... Претпоставувам дека сум на завидлива позиција поради тоа што не морам да се справувам со вината, Едноставно нема причина за тоа“. Ноќта пред да биде погубен Банди имал интервју со Џејмс Добсон (James Dobson), психолог и основач на христијанската евангелистичка организација Фокус кон семејството (Focus on the Family). За време на интервјуто Банди коментирал за насилството на медиумите и порнографските „корени“ на неговите злосторства. „Се случуваше постепено“, изјавил тој. „Моето искуство со... порнографија во која има насилна сексуалност, е следново: кога еднаш ќе се навлечеш на тоа... ќе продолжиш да бараш помоќни, поексплицитни и посликовити видови на материјал се додека не стигнеш до точка кога порнографијата оди толку далеку... кога почнуваш да размислуваш дека можеби да го правиш истото ќе ти овозможи нешто повеќе од тоа, отколку само да гледаш или читаш“. Тој вели дека насилството во медиумите, „особено сексуалното насилство“ е тоа што ги тера момците „да испаднат и да бидат Тед Банди“. „Вие ќе ме погубите“, рекол тој, „и тоа ќе го заштити општеството од мене. Но надвор има толку многу луѓе кои се зависни од порнографија и не можете да направите ништо во врска со тоа“.

Истражувачите генерално се согласија дека изненадното осудување на порнографијата на Банди бил неговиот последен манипулативен обид да го одложи неговото погубување со тоа што се послужил со агендата на Добсон како долгогодишен адвокат за анти-порнографија кажувајќи му го точно она што сака тој да го слушне. Банди им кажал на Микод и Ејнсворт во 1980 година, и претходната ноќ на Хегмаер, дека порнографијата имала неизбежна улога во неговиот развој како сериски убиец.

Како што забележале Рул и Ејнсворт, за Банди секогаш бил виновен некој друг или нешто друго. Иако со текот на времето признал 30 убиства, тој никогаш не ја презел одговорноста за ниедно од нив, и покрај тоа што ќе ја избегнел смртната казан во Мајами ако го направел тоа. Тој ја префрлал вината на различни жртвени јарци, како што е неговиот насилен дедо, потоа на отсуството од биолошки родители, на алкохолот, на медиумите, на полицијата (која што ја обвинувал за подметнување на докази), на општеството, насилството на телевизија и на крај, на порнографијата. Во најмалку една пригода, тој дури се обидел да ги обвини неговите жртви: „Ги познавав луѓето кои што... зрачеа со ранливост“, напишал во писмото до Клопфер во 1977. „Нивните фацијални изрази велеа „се плашам од тебе“. Овие луѓе повикуваат да бидат нападнати... Со тоа што очекуваат да бидат повредени, нели тие потајно го поттикнуваат тоа?“ Префрлувањето на вината и негирањето биле основни одбранбени механизми на Банди. Тој еднаш ù кажал на Луис: „Не знам зошто сите сакаат да ме фатат“. Таа пак вели: „Тој навистина немаше чувство за големината на тоа што го прави“. „Долго-годишен сериски убиец прави бариери на својата вина, ѕидови од негирање кои што некогаш не можат да се срушат“, напишал Кеплер.

Жртви

Банди признал 30 убиства, но вистинскиот број е непознат. Објавените проценки достигнаа до 100 и повеќе. Во 1980 Банди направил мистериозна забелешка пред Хју Ејнсворт дека за секое убиство што е „објавено“, „можеби има едно што не е“. Кога FBI агентите предложиле конечниот број од 36 жртви, Банди одговорил „додадете една нула на тоа и ќе го имате“. Една година подоцна тој му кажал на адвокатот Поли нелсон дека проценката од 35 жртви била точна, но детективот Роберт Кепел (Robert Keppel) подоцна напишал дека „(Тед) и јас знаеме дека(конечниот) бројот е поголем“.

Вечерта пред неговото погубување, Банди одново ги разгледал неговите признати жртви со Бил Хагмаер (Bill Hagmaier) според државите:

 Единаесет во Вашингтон (вклучувајќи ја и Кети Паркс, која што е киднапирана од Орегон, но е убиена во Вашингтон), од кои три се неидентификувани

 Осум во Јута (три неидентификувани)

 Три во Колорадо

 Три во Флорида

 Две во Орегон (неидентификувани)

 Две во Ајдахо (една неидентификувана)

 Една во Калифорнија(неидентификувана)

Следува хронолошки редослед на 20-те идентификувани жртви и петте идентификувани преживеани.

1974

 4 јануари: Џони Ленз (Joni Lenz) (псевдоним) (18 години): Тепана и сексуално злоставена во нејзиниот кревет додека спиела. (преживеана)

 1 февруари: Линда Ан Хили (Lynda Ann Healy) (21): Претепана додека спиела, черепот и долната вилица откриени на планината Тејлор (Taylor Mountain)

 12 март: Дона Геил Менсон (Donna Gail Manson) (19): Киднапирана додека одела на концерт во државниот колеџ Евергрин (Evergreen). Телото е оставено (според Банди) на планината Тејлор (Taylor Mountain), но никогаш не е пронајдено.

 17 април: Сузан Елен Ранкур(Susan Elaine Rancourt) (18): Исчезнала по вечерниот состанок на советници во државниот колеџ во Централен Вашингтон (Central Washington State College). Черепот и долната вилица откриени на планината Тејлор (Taylor Mountain).

 6 мај: Роберта Кетлин Паркс (Roberta Kathleen Parks) (22): Исчезнала од државниот универзитет во Орегон во Корвалис (Oregon State University, Corvallis). Черепот и долната вилица откриени на планината Тејлор (Taylor Mountain).

 1 јуни: Бренда Керол Бел (Brenda Carol Ball) (22): Исчезнала откако ја напуштила таверната Флејм (Flame) во Буриен (Burien), Вашингтон. Черепот и долната вилица откриени на планината Тејлор (Taylor Mountain).

 11 јуни: Џорџина Хокинс (Georgeann Hawkins) (18): Исчезнала од алеата зад куќата на нејзиното сестринство во УВ. Остатоци од скелетот се пронајдени на Исака.

 14 јули: Џенис Ан От (Janice Ann Ott) (23): Киднапирана од дрѓавниот парк на езерото Шамамиш среде бел ден. Остатоци од скелетот се пронајдени на место во Исака.

 14 јули: Денис Мари Насланд (Denise Marie Naslund) (19): Киднапирана четири часа по От од истиот парк. Остатоци од скелетот се пронајдени на место во Исака.

 2 октомври: Ненси Вилкокс (Nancy Wilcox) (16): Грабната, нападната и задавена во Холидеј, Јута. Телото не е пронајдено.

 18 октомври: Мелиса Ан Смит (Melissa Anne Smith) (17): Исчезнала од Мидвеил, Јута откако ја напуштила пицеријата. Телото е пронајдено близу планинската област.

 31 октомври: Лаура Ејми (Laura Aime) (17): Исчезнала од забавата за Ноќта на вештерките во Лехи, Јута. Телото е пронајдено од планинари во American Fork Canyon[104]

 8 ноември: Керол ДаРонч (Carol DaRonch) (18): Обид за киднапирање во Муреи, Јута. Избегала од колата на Банди и преживеала.

 8 ноември: Дебра Кент (Debra Kent) (17): Исчезнала откако ја напуштила училишната претстава во Бонтифул, Јута. Телото е оставено (според Банди) близу Феирвју, Јута. Малки скелетни останки се пронајдени, но никогаш не се потврдно идентификувани дека се на Кент.

1975

 12 јануари: Керин Кемпбел (Caryn Campbell) (23): Исчезнала од ходникот на хотелот во Сноумас, Колорадо. Телото е пронајдено на патот блиску до хотелот.

 15 март: Џули Канингам (Julie Cunningham) (26): Исчезната на патот кон таверната во Веил, Колорадо. Телото е закопано (според Банди) блиску до Рајфл, 140км западно од Веил, но никогаш не пронајдено.

 6 април: Денис Оливерсон (Denise Oliverson) (25): Киднапирана додека возела велосипед кон куќата на нејзините родители во Гранд Џанкшн, Колорадо. Телото е фрлено (според Банди) во реката Колорадо (Colorado River), на 8км западно од Гранд Џанкшн, но никогаш не е пронајдено.

 6 мај: Линет Кулвер (Lynette Culver) (12): Киднапирана од средното училиште Аламеда во Покатело, Ајдахо. Телото не е пронајдено.

 28 јуни: Сузан Куртис (Susan Curtis) (15) Исчезната за време на младинска конференција во Универзитетот Brigham Young. (според банди) Телото е закопано блиску до Прајс, Јута (Price, Utah), 21км југоисточно од Прово, но никогаш не е пронајдено.

1978

 15 јануари: Маргарет Боумен (Margaret Bowman) (21): Претепана и потоа задавена додека спиела во сестринството Chi Omega.(нема вторично место на злосторство)

 15 јануари: Лиса Леви (Lisa Levy) (20): Претепана и сексуално злоставена во сестринството Chi Omega.(нема вторично место на злосторство)

 15 јануари: Карен Чендлер (Karen Chandler) (21): Претепана додека спиела во сестринството Chi Omega. Преживеана.

 15 јануари: Кети Клејнер (Kathy Kleiner) (21): Претепана додека спиела во сестринството Chi Omega. Преживеана.

 15 јануари: Шерил Томас (Cheryl Thomas) (21): Претепана во сон, на осум блока од Chi Omega. Преживеана

 9 февруари: Кимберли Лич (Kimberly Leach) (12): Киднапирана од средното училиште во Лејк Сити, Флорида. Пронајдени се коски близу Suwannee River State Park[157]

Останати можни жртви

Банди останал осомничен за неколку нерешени убиства и најверојатно е одговорен за другите кои никогаш нема да бидат идентификувани. Во 1987 година тој му признал на Кепел дека постојат „некои убиства“ за кои „никогаш нема да зборува“ затоа што биле извршени „преблиску до домот“, “преблиску до семејството“ или пак вклучуваат „жртви кои што се многу млади“.

 Ан Мари Бур (Ann Marie Burr), осумгодишно девојче од Такома, исчезнала од нејзиниот дом во 1961 година кога банди имал 14 години. Куќата на Бур била во областа каде што Банди разнесувал весници. Таткото на девојчето е сигурен дека го видел Банди во темелите на градилиштето близу кампусот на UPS истото утро кога неговата ќерка исчезнала. И други докази имплицираат на него, но детективите кои што биле запознати со случајот никогаш не се согласиле на можноста за негова вмешаност во овој случај. Банди постојано го негирал обвинувањето за ова, дури и напишал писмо до семејството на Бур во 1986.

 Лиса Вик и Лони Трамбл (Lisa Wick и Lonnie Trumbull) биле претепани во нивниот стан на Queen Anne Hill во 1966, близу продавницат аСејфвеј каде што Банди тогаш работел, Трамбл починала. Кепел забележал многу сличности со убиствата во сестринството Чи Омега. Вик, која што се здобила со трајно губење на меморијата како резултат на нападот. Подоцна контактирала со Ан Рул. Таа напишала: „Знам дека Тед Банди ни го направи ова, но не можам да ви кажам како го знам тоа“. Банди ја негирал вмешаноста и немало никакви докази против него.

 24-годишната Рита Куран (Rita Curran), учителка во основно училиште и помошничка во мотел. Била убиена во нејзиниот стан на 19 јули 1971 година во Барлингтон, Вермонт (Burlington, Vermont). Таа била задавена, претепана и силувана. Локацијата на мотелот каде што работела (граничела со Домот за самохрани мајки на Елизабет Лунд) и сличностите со познатите места на злосторства на Банди биле доволни за пензионираниот агент на ФБИ, Џон Басет (John Bassett) да го предложи Банди како осомничен. Немало доказ што сигурно ќе го потврди присуството на Банди во Барлингтон на тој датум, но општински податоци кажуваат дека лице по име „Банди“ било каснато од куче таа седмица и долги периоди од времето на Банди, како и летото 1971, остануваат недоволно објаснети. Убиството на Куран остана нерешено.

 17-годишната Рита Лорејн Џоли (Rita Lorraine Jolly) исчезнала од West Linn, Oregon (предградие на Портланд (Portland)), во јуни 1973год. 24-годишната Вики Лин Холар исчезнала од Eugene, Oregon два месеца покасно. Банди признал две убиства во Орегон, но никогаш не ги идентификувал жртвите. Детективите од Орегон се сомневаат дека тоа се Џоли и Холар, но не усоеале да добијат време за да го интервјуираат Банди со цел да го потврдат тоа. И двете жени се класифицираат како исчезнати.

 20-годишната Керол Валенцуела (Carol Valenzuela) последен пат била видена како автостопира близу Ванкувер, Вашингтон, на 2 август, 1974 година. Нејзините останки се пронајдени два месеца подоцна во празен гроб јужно од Олимпија заедно со останките од непозната женска личност. И двете имале долги коси разделени на средина. Во август 1974 Банди возел од Сиетл до Салт Лејк Сити и можел да помине преку Ванкувер, но нема доказ дека го направил тоа. Случајот е сè уште отворен.

 18-годишната Мелани Сузан Кули „Сузи“ (Melanie Suzanne "Suzy" Cooley) исчезнала на 15 април, 1975 година откако го напуштила средното училиште во Недерланд во Колорадо (Nederland, Colorado), 80км западно од Денвер. Нејзиното претепано и задавено тело било откриено од работници на патот две седмици подоцна во кањонот Coal Creek, 32км подалеку. Иако сметките за бензин потврдуваат дека Банди бил таму денот кога Кули исчезнала и истата е класифицирана како жртва на Банди во повеќето дела за Банди. Властите од округот велат дека доказите се невалидни и продолжиле да го сметаат нејзиното убиство за cold case.[266]

 24-годишната Шели К. Робертсон (Shelley K. Robertson) не се појавила на работното место во Голден, КОлорадо (Golden, Colorado) на 1 јули, 1975 година. Нејзиното голо и распаднато тело е пронајдено во август, 1975 година, на 150 метри во рудник на Berthoud Pass, близу Веил, од страна на двајца студенти по рударство. Сметките за бензин го сместуваат Банди во таа област во тој период, но нема директен доказ за неговата вмешаност. Случајот е отворен.

 21-годишната Ненси Беирд (Nancy Baird) исчезнала од бензиска станица во Фармингтон, Јута (Farmington, Utah), 32км северно од Салт Лејк Сити на 4 јули, 1975 и сè уште не е пронајдена. Банди особено ја негирал вмешаноста во овој случај за време на интервјуата.

 28 години Банди бил сметан за одговорен за убиството на 15-годишната Кетрин Мери Девајн (Katherine Merry Devine) во 1973 во државниот парк Милерсилванија (Millersylvania State Park) близу Олимпија, Вашингтон, но ДНК анализите довеле до апсење и обвинување на Вилијам Е. Косден (William E. Cosden) во 2002. 15-годишната Бренда Бејкер (Brenda Baker) била убиена во истиот парк во околу истиот период, но Банди му рекол на Кепел дека не знае ништо во врска со тоа.

 Неколку минути пред да го погубат, откако Банди признал дека ја убил Сузан Куртис и ги кажал деталите за убиството на Денис Оливерсон, Хегмаер го прашал за нерешените убиства во Њу Џерси, Илиноис, Вермонт (случајот Куран), Тексас, Мајами и Флорида. Иако претходно признал дека убил две жени во Атлантик Сити во 1969 година, сега негирал дека е вмешан во сите нерешени случаи.