Тања Аждаја (1985, Штип) — македонска писател и поетеса.

Творештво

уреди

Во 2019 година ги објавила книгата со игри на зборови „Гајле cinema“ и илустрираната книга со игри на зборови и цртежи „Сеир и ништо“ (заедно со Брадестиот Џо). Во 2022 година излегла и нејзината стихозбирка „Зборка“. Покрај тоа, на интернет-порталот „Окно“ објавувала кратки прозни дела, а некои од нив се преведени на хрватски јазик и објавени на интернет-порталот „Čovjek-časopis“.[1] Три нејзини раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 367.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 329-332.