Тацна — вид мала чинијка која се користи за подметнување под шолја - поголема за кафе или помала чајна шолја за чај. Тацничката обично има подигнато средиште за да може да се вклопи во долната страна на шолјата. Намената на тацничката е да ги фаќа истурениците, прсканиците и капењата на напитокот во шолјата, така заштитувајќи го чаршафот или пијачот доколку тој ги држи в раце. Тацничката е и згодно место за оставање на користена лажичка, со помош на која на пијалакот претходно му се вмешал заблажувач или млеко.

Чајна шолја со тацничка

Иако нејзе ѝ е местото на поставената маса во еден прибор за ручавање, уникатните чајните шолји често се продаваат со соодветни тацнички, или сами, или како дел од чаен сервис, во кој спаѓаат и чајник и мали десертни чинии. Сервисите обично содржат четири шолји со тацнички.

Зарф

уреди

Зарф е рамка за држење на шолја без рачка, на начин поцврст од тацничката. Оваа рамка е особено погодна за држење на топло кафе или чај во тенка стаклена или пластична чаша.

Поврзано

уреди