Тацелвурм
Тацелвурм (германски: Tatzelwurm) е назив за легендарно суштество кое наводно живее на Алпите.
Опис
уредиНајчесто се опишува како голем гуштер со голема глава и долга опашка. Се претпоставува дека е долг помеѓу 60 и 90 сантиметри.
Видувања
уредиПрвото забележано видување се случило во 1779 година.[1]. швајцарски фотограф кој се викал Балкин во 1934 година видел чудно суштество кое успеал да го фотографира[2]. Тогаш е покрената експедиција за да се пронајде тацелвурм, но ништо не е пронајдено. Доста научници денес мислат дека фотографијата е лажна, но сепак луѓето продолжиле да пријавуваат дека наводно виделе тацелвурм.
Наводи
уреди- ↑ Tatzelwurm - Unsolved Mysteries In The World
- ↑ „Tatzelwurm - Cryptozoology Reference Library - redOrbit“. Архивирано од изворникот на 2014-04-16. Посетено на 2018-09-08.