Тахиќанки на плажа
слика од Пол Гоген
Тахиќанки на плажа (француски: Femmes de Tahiti) ― слика од 1891 од Пол Гоген. Сликата прикажува две жени од тихоокеанскиот остров Тахити на плажа.
Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1891 |
Димензии | 69 см × 91 см |
Место | Музеј Орсе, Париз |
Сликата моментално е во збирката на Музејот Орсе, во Париз, Франција.
Во 1892 Гоген насликал слична слика „Парау апи“, („Две тахиќанки“) која е во збирката на Галеријата на новите господари во Дрезден. На тахиќански, парау значи збор а апи значи нов. Оттука парау апи значи новости. Обично се поздравуваат со „еаха те парау апи“, или „што има ново“?