Тарнска Клисура
Тарнската Клисура (фр. Gorges du Tarn) е клисура низ која тече реката Тарн помеѓу висорамнините Кос Межан и Кос де Советер, во јужна Франција. Најголемиот дел од клисурата се протега во департманот Лозер, а помалиот навлегува во департманот Аверон. Подрачјето на клисурата е прогласено за природен предел од посебно значење[1]
Клисурата започнува од селото Кезак и завршува кај Ле Розје во должина од 53 км (од 44°22′30″ СГШ 3°31′15″ ИГД до 44°11′36″ СГШ 3°12′20″ ИГД) и длабочина од 400-600 м.
Архитектура
уредиВо минатото, по должината на клисурата се иградени многу замоци, од кои највеќето се средновековни. Интересни примери се Кастелбук, Ла Каз, Отериве, Ла Мален и Сен Ром де Долан.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Природни предели од посебно значење Архивирано на 16 ноември 2008 г. - Министерство за екологија на Франција (француски)
Надворешни врски
уреди- Страница за клисурата Архивирано на 11 април 2011 г. (англиски) (француски)
„Тарнска Клисура“ на Ризницата ? |
Оваа статија место во Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |