Тараклиски државен универзитет

Тараклискиот државен универзитет „Григориј Цамблак“ (романски: Universitatea de Stat din Taraclia; бугарски: Тараклийски държавен университет) - државен универзитет сместен во Тараклија, Молдавија.

Тараклиски државен универзитет
Universitatea de Stat din Taraclia
ВидДржавен
Основан1 октомври 2004; пред 20 години (2004-10-01)
МестоТараклија, Молдавија
45°54′47″N 28°40′14″E / 45.9131° СГШ; 28.6706° ИГД / 45.9131; 28.6706
tdu-tar.md

Историја

уреди

Универзитетот бил отворен на 1 октомври 2004 година.[1][2][3] Тогашниот претседател на Молдавија, Владимир Воронин и претседателот на Бугарија, Георги Прванов присуствувале на инаугуративната церемонија.[4][5] Во 2019 година, молдавскиот претседател Игор Додон го увериl бугарскиот претседател Румен Радев дека молдавската страна ќе го преобрази универзитетот во филијала на бугарскиот Русески универзитет.[6]

Насоки

уреди

Универзитетот нуди и додипломски и постдипломски насокии. Некои од темите што се предаваат на овој универзитет се:[4]

  • Бугарски јазик и книжевност и романски јазик и книжевност;
  • Романски јазик и книжевност и англиски јазик и книжевност;
  • Педагогија на основно образование;
  • Музика;
  • Историја;
  • Услуги по социјална заштита;
  • Сметководство;
  • Предучилишна педагогија и романски јазик и книжевност.

Наводи

уреди
  1. „Universitatea de Stat din Taraclia“. 4icu. Посетено на 7 март 2021.
  2. „Universitatea de Stat din Taraclia“. SFM. Архивирано од изворникот на 18 април 2015. Посетено на 7 март 2021.
  3. „Taraclia State University“. Study in Europe. Архивирано од изворникот на 2021-03-01. Посетено на 7 март 2021.
  4. 4,0 4,1 „Universitatea de Stat din Taraclia“ (руски). TDU. Посетено на 7 март 2021.
  5. „Universitatea de Stat "Grigore Ţamblac" din Taraclia“. Neamuri. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 7 март 2021.
  6. https://m.president.bg/en/news5135/president-radev-was-assured-by-his-moldovan-counterpart-that-the-status-of-the-taraclia-district-populated-by-bulgarians-will-be-preserved.html[мртва врска]

Надворешни врски

уреди