Тактичка група „Белорусија“

Тактичка група „Белорусија“ (белоруски: Тактычная група «Беларусь») — група доброволци од Белорусија кои биле вклучени во Војната во Донбас. Тие се бореле на страната на Украина, прво како дел од Украинскиот доброволен корпус на Десниот сектор, а подоцна како дел од различни формации на украинските доброволни баталјони и вооружените сили на Украина.[3]

Тактичка група „Белорусија“
белоруски: Тактычная група «Беларусь»
украински: Тактична група «Білорусь»
Активнајуни 2015 – март 2022
Земја Украина
Припадност Украински доброволен корпус на Десниот сектор (2015)
Полк „Кастус Калиновски“ (2022)[1]
Големинаразлично
РаспуштенаРеформиран како Полк „Кастус Калиновски“ (2022)[2]

Историја

уреди

Рана активност

уреди

Белоруски доброволци биле вклучени во Војната во Донбас од почетокот на непријателствата во пролетта 2014 година.[4] Истата година, група белоруски доброволци создале одред наречен Одред „Пагонја“.[5] Оваа група имала 50 членови до јули 2014 година, од кои 15 биле во судирот пред создавањето на Пахонија.[6] Белоруски доброволци учествувале во битката кај Авдиивка во 2014 година.[7]

Одредот „Пагонја“ бил распуштен во 2016 година. Оваа група не треба да се меша со Полкот „Пагонја“ кој бил создаден како полк за специјална намена по Руската инвазија на Украина во 2022 година.

Борбени операции

уреди

Тактичката група „Белорусија“ била создадена на 8 август 2015 година, по преговори со белоруски активисти и раководството на Десниот сектор на Украинскиот доброволен корпус. Нејзините борци се бореле во битките во рудникот Бутивка, Писки, Волноваха и Маринка.[7]

Во средината на август 2015 година, во близина на Волноваха, групата се борела во битка во која биле убиени двајца доброволци, Виталиј Тилиженко и Алес Черкашин.[8][9]

На 9 март 2022 година, за време на руската инвазија на Украина, Тактичката група „Белорусија“ на своите социјални мрежи објавила дека бил создаден Баталјонот „Кастус Калиновски“, кој подоцна бил преобразуван во полк.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беларусы стварылі асобны батальён імя Кастуся Каліноўскага для абароны Кіева
  2. https://kalinouski.org/
  3. „Расея можа паўтарыць украінскі сцэнар у Беларусі“. 10 февруари 2017. Архивирано од изворникот на 2021-08-30. Посетено на 2024-01-13.
  4. „Тактычная група «Беларусь» аб'яднае беларускіх дабраахвотнікаў ва Украіне“. Наша Ніва.
  5. „Участь в АТО візьме добровольчий загін білорусів «Пагоня»“. espreso.tv.
  6. Smok, Vadzim (2014-07-29). „The Belarusians fighting on both sides of the Ukraine conflict“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-08-09.
  7. 7,0 7,1 „Ян Мелнікау: Без вільної України не буде вільної Білорусі“. Архивирано од изворникот на 2018-11-18. Посетено на 13 јануари 2024.
  8. „Черкашин Олександр Миколайович - Книга пам′яті загиблих за Україну - Український меморіал“. ukraine-memorial.org.
  9. „Білоруських добровольців АТО взяли до елітної частини української армії“. Архивирано од изворникот на 5 ноември 2017. Посетено на 13 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди