Таки Кота
Таки Кота (Битола, 1958 - Битола, 2019) — македонски ликовен уметник, мајстор за прикажување на жената и нејзината убавина преку четка и бои, како и експерт за графики.
Таки Кота | |
---|---|
Роден(а) | 1958 Битола, НР Македонија |
Починал(а) | 2019 Битола, Македонија |
Националност | Влав |
Занимање | ликовен уметник |
Животопис
уредиКота е роден во Битола во 1958 година каде завршил гимназија. Виша ликовна академија завршил во Скопје во класата на проф. Димитар Кондовски, а се дообразовал во Приштина. Бил познат и признат уметник, како и член на ДЛУБ и ДЛУМ. Како негов најпрепознатлив цртеж е „битолското чупе“ кое ја краси амбалажата на млекото на Битолска млекара. Починал во Битола во јануари 2019 година.[1]