Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас
Тажачка за Игнасио Санчес Мехијас (шпански: Llanto por Ignacio Sánchez Mejías) — збирка песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1935 година.
Содржина
уредиЦентрално место во збирката има истоимената поема која се состои од четири дела:[1]
- „Рана и смрт“ (La cogida y la muerte)
- „Пролеана крв“ (La sangre derramada)
- „Присутно тело“ (Cuerpo presente)
- „Отсутна душа“ (Alma ausente)
Осврт кон делото
уредиСо „Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас“ се заокружува поезијата на Лорка инспирирана од типично шпанските теми. Оваа збирка е поттикната од вистински настан - смртта на познатиот шпански тореадор, адвокатот Игнасио Санчес Мехијас, голем пријател на Лорка. Во изразено функционалната структура на четирите песни од „Тажачката“ пластично и сликовито се открива атмосферата на арената во која се одвива танцот на смртта. Притоа, преку емоционалниот набој проследен со бројните, повеќеслојни асоцијации за животот и смртта, оваа поема се крева од битовиот и натуралистички мотив кон сферата на слоевито, философско и интелектуално кажување.[2]