Тагмата асфалиас
Тагмата Асфалијас (грчки: Τάγματα Ασφαλείας), во превод: Баталјони за сигурност, се грчки паравоени контрачети кои соработуваат со фашистичките окупатори во Втората светска војна.
Основани се во 1943 година од страна на грчката колаборационистичка влада со цел помагање на окупаторската германска армија и борба против сè помоќниот ЕЛАС, воден од КПГ.
По Втората светска војна, Тагмата Асфалијас не се разоружани од грчката влада, туку напротив довооружени се и стануваат едно од орудијата на монархо-фашистичката влада поддржана од англо-американската интервенција во борбата против Демократската армија на Грција.
Тагматистите извршуваат многу воени злосторства врз недолжното македонско и грчко население. СНОФ води неколку успешни битки против нив.