Сјај во очите (филм)

„Сјај во очите“ (српски: Сјај у очима) — српски филм од 2003 година, во режија на Срѓан Карановиќ. Главните улоги ги играат: Сенад Алихоџиќ, Јелена Ѓокиќ, Ивана Боланча и Милена Дравиќ, а во филмот настапува и познатиот кошаркар Предраг Даниловиќ.[1]

Синопсис

уреди

Србинот Лабуд (го игра Алихоџиќ) е млад студент кој бил принуден поради војната да ја напушти Краина. Тогаш, тој се разделува од девојката Вида која потоа ја бара, но во неговиот живот влегува друга девојка — Романа (ја игра Боланча) која е „од другата страна“, а која исто така морала да го напушти родниот дом. Тие се запознаваат со посредство на една агенција и така почнува нивната љубовна врска која се испреплетени духовите од минатото и разликите меѓу двајцата вљубени.

Наводи

уреди