Сферозом
Сферозомите се органели својствени за растителната клетка и во нив се врши синтеза на масни материи. Слични се со масните клетки бидејќи боењето е со исти бои како и кај масните клетки. Тие се обвиени со липобелковинска мембрана. Внатрешноста е наречена строма и има зрнест изглед. Содржи масни материи и ензими .Со развитокот зрнестиот изглед на стромата исчезнува и се добива хомогена строма.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |