Супрафикс е вид на афикс каде со одредени супрасегментни промени се добива друго значење од зборот. Со други зборови, преку промена на акцентот или тонот на еден ист збор се добива друго значење. Кај повеќето јазици овие промени се користат за разликување исти лексеми, но кај некои тие се користат за зборообразување и формообразување.

Афикси
претставка
наставка
циркумфикс
дуплификс
инфикс
меѓуфикс
трансфикс
симулфикс
супрафикс
дисфикс

Англиски јазик

уреди

Овој афикс се сретнува кај англискиот јазик. Така на пример, именката próduce (/ˈprɒdjuːs/; производ, производ - акцентот е на првиот слог) е добиена од глаголот prodúce (/prəˈdjuːs/; произведува, создава - акцентот е на вториот слог). Се забележува дека зборот е ист во двата случаја, само акцентот е различен.

Кинески јазик

уреди

Во кинескиот јазик зборот 好 (hǎo, да бидеш добар) и 好 hào (да најдеш добро), се исти само се разликуваат во тонот.

Поврзано

уреди