Суикинкуцу
Суикинкуцу (水琴窟, водена кoто пештера) — градинарски украс и музичка направа во јапонските градини најчесто во чајните градини каде звукот релаксира за време на ритуалното миењее на раце и уста со што се постигнува прочистување пред церемонијата на пиење на чај. Се состои од наопаку поставен закопан сад со отвор на врвот. Водата капе низ отворот во малиот базен на дното на садот, создавајќи пријатни растурени звуци кои одзвонуваат во внатрешноста на садот слично на звоно или јапонска цитра кото. Обично се закопуваат под „морето” традиционални камени базени цукубаи или чозубачи. Од понов датум се, се претпоставува дека првите се појавиле во XVIII век (Едо периодот) како вид на дренажа.
Литература
уредиГрбић, М. (2015): Историја вртне уметности. Универзитет у Београду. Београд. ISBN 978-86-7299-227-4
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Суикинкуцу“ на Ризницата ? |