Судска зграда Битола
Судска зграда Битола — градба од 1958 година наменета за судот во Битола, дело на архитектот Борис Чипан. Денес во неа е сместен Апелациониот суд Битола.[1]
Судска зграда Битола | |
---|---|
Судската зграда во Битола | |
Поранешни називи | Судска палата Битола |
Општи податоци | |
Статус | Во употреба |
Вид | Двокатна зграда со приземје |
Стил | Модернизам |
Место | Битола |
Адреса | Булевар „1-ви Мај“ бр. 63 |
Град | Битола, Општина Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°1′55.05″N 21°19′47.47″E / 41.0319583° СГШ; 21.3298528° ИГД |
Сегашни станари | Апелационен суд Битола |
Завршена | 1958 |
Отворена | 1958 |
Поседник | Република Македонија |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Борис Чипан |
Местоположба
уредиСудската зграда се наоѓа во средиштето на градот, на левиот брег на реката Драгор, веднаш до општинската зграда, на Булеварот „1-ви Мај“ бр. 63.[1]
Историја
уредиГрадбата е изведена под името Судска палата во Битола во 1958 година, по барање на Државниот секретаријат за правосудна управа на Народна Република Македонија.
Во изминатото раздобје градбата претрпува низа измени кои го нарушуваат нејзиниот чист модернистички облик. Како и кај многу други случаи, нејзиниот рамен кров добива надградба и покрив, како и заоблена натстрешница пред самиот влез.[1]
Архитектура
уредиВо Судската зграда во Битола, како и во сличните судови во Штип и Велес, за прв пат јасно се гледа архитектонскиот јазик на авторот – спој помеѓу рационалистичката димензија во модернизмот и функционалистичката нишка на традиционалната архитектура.
Објектот претставува рационално решение на бел кубус сместен врз основа од кршен камен. Главниот волумен е изведен од бетон, а неговата фасадна рамнина е прекршена со низа брисолеи и репетиција на стандардни прозорци. Единствената отстапка е влезот кој е акцентиран со низа на столбови и мала висинска денивелација.[1]