Стрелец (кована пара од 2018 година)

кована пара на Народната банка на Република Македонија


Стрелецкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Стрелец
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 23,30 г
Димензии 37 x 37 мм
Облик квадратен
Издадена 2018
Цена 2.800 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Стрелец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина

уреди

Во горниот дел од опачината е претставена слика на стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на хороскопскиот знак Стрелец и неговото соѕвездие е претставена и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на стрелец на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „SAGITARIUS“ и ознаката „Ag925“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Стрелец". Посетено на 13 март 2018.

Надворешни врски

уреди