Стрелец (кована пара од 2014 година)
Стрелец — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.
Скорпија | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Хороскопски знаци |
Номин. вредност | 10 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 21 г |
Димензии | 35 x 45 мм |
Облик | јајчест |
Раб | мазен |
Издадена | 2014 |
Цена | 2.700 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.[1]
Опачина
уредиНа опачината од парата е прикажан портрет на млада девојка којашто стрела со лак и стрела и соѕвездие коешто му одговара на хороскопскиот знак Стрелец, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Стрелец“ отпечатен на цел и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „СТРЕЛЕЦ"“. Посетено на 8 јануари 2018.