Стоја Поп-Атанасова
Д-р Стоја Поп-Атанасова е родена во 1948 година во с. Рожен, Пиринска Македонија. Била истакнат македонист. Завршила Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, група македонски јазик со историја на кижевностите на народите на СФРЈ, постдипломски студии „Лингвистичка анализа на Битолскиот триод“, Скопје 1991, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, и одбранила докторска дисертација на тема „Лексиката на македонската црковна поезија“, Скопје 1999, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Творештво
уредиНајзините интереси се на теми од областите на палеославистика, историска лексикологија и лексикографија. Автор е на повеќе статии во списанија, зборници, монографии. Учествува во авторските колективи на разни научноистражувачки проекти.
Била член на редакцијата на списанието Македонски јазик (2003-2009) и член на редакцијата на списанието Македонистика (2003-2009), како и член во Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” (2005-2009)