Стојан Манасиев Кочовски ( 1925 во Скопје7 јуни 1945 во Бихаќ, Босна и Херцеговина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Во потрага за подобар живот и материјална егзистенција уште како млад работел по разни градови ширум Југославија. Како прогресивно ориентиран младинец се имал определено за Народноослободителната борба на народите на Југославија. Стапил во Четиринаесеттата среднобосанска бригада. Бил распореден во вториот баталјон. Се борел во планините на Босна. Учествувал во завршните операции за ослободувањето на Југославија. По завршување на војната учествувал во состав на својата единица, во борбите за ликвидирање на квислиншките банди. Во една од борбите против тие непријатели, загинал кај Бихаќ, на 7 јуни 1945 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 78. На |first= му недостасува |last= (help)