Стоката и парите (филм)
Стоката и парите (романски: Marfa şi banii) е романски филм од 2001 година, во режија на Кристи Пују кој е и автор на сценариото, заедно со Разван Радулеску. Главните улоги ги толкуваат: Александру Пападопол, Драгош Букур и Јоана Флора. На Канскиот фестивал во 2001 година, филмот бил номиниран за „Златната камера“.
Содржина
уредиОвидиу е млад човек од Констанца кој заработува така што продава грицки и безалкохолни пијалаци од станот на своите родители. Тој сака да купи киоск и така да ја прошири работата, но нема пари за тоа. Тогаш, локалниот мафијаш му нуди голема сума пари за едноставна работа: да однесе една торба во Букурешт....[1]