Стефан Симонсон
Пер Стефан Микаел Симонсон (5 јануари 1960 година, во Хилтебрук ) е поранешен професионален тенисер од Шведска. Тој во најголемиот дел од својот тениски успех уживал додека играл, особено во поединечна конкуренција. Во текот на кариерата освоил 2 титули во игра на двојки. Во 1983 година ја постигнал највисоката позиција на ранг листата во својата кариера во пединечна конкурнција, бил на позицијата број 49, додека во игра на двојки стигнал до 88 место и тоа во 1984 година. Неговит брат Ханс Симонсон, исто така билпрофесионален тенисер [1] По неговата кариера, Стефан тренирал неколку тенисери помеѓу кои и двајца од топ 10 играчи на светот според АТП рангирањето. Тоа биле тенисерите Магнус Густафсон [2] и Магнус Ларсон.[3]
Кариера
уреди1976–1978: Јуниорска кариера
уредиСимонсон го освоил шведското јуниорско првенство во сала во 1976 година како 16-годишник, а во 1977 и 1978 година станал шведски јуниорски шампион на отворено.[4] Тој за прв пат играл на јуниорски Гренд слем турнир на Вимблдон во 1977 година, а истата година го имал првиот настап на сениорски турнир и тоа на турнирот Шведски опен.[5][6]
Резултати од униорски Гренд слем Турнири
уреди- Франција опен: полуфинале (1978)
- Вимблдон: четврт финале (1978)
- САД опен:финале (1978)
1979-1981 година
уредиВо 1979 година, Симонсон стигнал до четвртфиналето на престижниот турнир во Бијариц а исто така стигнал до истото ниво и на турнирите во Брисел и Тајпеј. Неговиот најдобари резултати во 1979 година биле полуфиналињата во Тел Авив во поединечна конкуренција и во игра двојки со партнерот Пер Хјертквист на турнирот во Брисел. Симонсон, своето прво натпреварување за Дејвис купот за Шведска го имал во јули 1979 година и тоа во европската зона Б, играјќи во полуфиналето против тимот на Романија.[7]
Симонсон ја започнал сезоната 1980 та со натпреварување на неколку турнири, а во мај стигнал до финалето на турнирот во Галатина кој бил од серијата на Челинџер. На Гранд при турнир, Стефан стигнал до четвртфиналето и тоа на турнирот во Фиренца и до полуфиналето на турнирот во Минхен. Во двојки пак, тој успелал дастихне до две полуфиналиња, првото на турнирот во градот Бордо заедно со Хјертквист, а со својот брат Ханс на турнирот во Мадрид. Симонсон ја претставувал Шведска за време на натпреварувањето од Дејвис купот во 1980 година, играјќи и во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки.
Во август 1981 година, тој ги освоил своите први титули играјќи на турнирот од челинџер серијата во Ле Туке, и тоа во двете конкуренции. Во поединечна конкуренција го победил Жорж Говен во финалето, а во игра на двојки победил заедно со својот сонародник Андерс Жарид. Претходно во годината, тој играл во финалето во поединечна конкуренција на турнирот во Торино, а со Џерид играл во финалето во конкуренција на двојки на челинџерот во Ројан.
1982-1983 година
уредиВо текот на месец мај 1982 година, Симонсон го одиграл своето прво финале на Гранд слем при, на турнирот во Фиренца, каде што загубил во три сета од светскиот рекет број 9 во тоа време, Витас Герулаитис. Негови други позабележителни достигнувања во 1982 година биле две четвртфиналиња, едното Гуаруха а второто во Тулуз.[8] Во февруари 1983 година, стигнал до полуфиналето во Каракас а истиот месец успел да стигне до четвртфиналето на челинџерот во Каиро. Во текот на првите три недели од месец мај, тој одиграл три полуфиналиња, првото на челинџерот Париоли, потоа на турнирот во Фиренца и на Италијан опен, кој се играл во Рим. По неговиоте настапи во текот на месец мај, тој за првпат се пробил во првите 50 играчи на светската ранг листа. Симонсон играл во две четврт финалиња во 1983 година, првото во Бастад а второто во Бордо.
На Отвореното првенство во Бордо тој бил доста успешен и во конкуренција на двојки ја освоил својата прва Гранд при титула заедно со колегата, швеѓанецот,Магнус Тидеман. Во месец ноември 1983 година заедно со Станислав Бирнер, тој играл во своето второ финале во конкуренција на двојки во градот Ферара, а следната седмица заедно со Јан Гунарсон стигнал до полуфиналето во Тулуз.
1984–1986 година
уредиСезоната 1984 му бил помалку успешна, и бил со само едно четвртфинале во поединечна конкуренција во Фиренца во текот на месец мај. Во двојки пак тој одиграл три полуфиналиња: првото во Мец, второто во Келн заедно со Хјертквист, и третото во Палермо со партнерот Рони Батман.
Во јули пак 1985 година, Симонсон заедно со својот брат и стигнал до полуфиналето во Бастад, а ја освоил титулата во двојки во Хилверсум, која била негова втора Гранд-при титула во конкуренција на двојки. Симонсон имал играно едно полуфинале во двојки во Фиренца со партнерот Мајк Де Палмер. Во поединечна комкуренција, тој одиграл едно четвртфинале во градот Бастад. Во 1986 година, стигнал до уште едно четвртфинале на челинџерот во Маракеш, а својот последен натпревар во поединечна конкуренција го одиграл во Кицбиел, губејќи уште на стартот вопрвото коло.
Гран-при финале во кариерата
уредиПоединечна конкуренција: 1 (1 пораз)
уредиРезултат | Победа- Пораз | Дата | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Порази | 0–1 | 1982 година | Фиренца, Италија | Земја | Витас Герулаитис | 6–4, 3–6, 1–6 |
Двојки: 3 (2 победи, 1 пораз)
уредиРезултат | Победа - пораз | Дата | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победа | 1–0 | 1983 година | Бордо, Франција | Земја | Магнус Тајдман | Франциско Јунис Хуан Карлос Јунис |
6–4, 6–2 |
Пораз | 1–1 | 1983 година | Ферара, Италија | Тепих - синтелон | Станислав Бирнер | Бернард Митон Буч Волтс |
6–7, 6–0, 3–6 |
Победа | 2–1 | 1985 година | Хилверсум,Холандија | Земја | Ханс Симонсон | Карл Лимбергер Марк Вудфорд |
6–3, 6–4 |
Јуниорски Грен слем финалиња
уредиПоединечна конкуренција: 1 (0–1)
уредиРезултат | година | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Пораз | 1978 година | САД опен | Тврда | Според Хјертквист | 6–7, 6–1, 6–7 |
Наводи
уреди- ↑ „Stefan Simonsson | Overview | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-02-11.
- ↑ „Magnus Gustafsson | Overview | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-02-11.
- ↑ „Magnus Larsson | Overview | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-02-11.
- ↑ „Stefan Simonsson | Bio | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-02-11.
- ↑ „Stefan Simonsson“. www.itftennis.com. Посетено на 2020-02-11.
- ↑ „Bastad | Results | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-02-11.
- ↑ „Stefan Simonsson“. Davis Cup.
- ↑ „Stefan Simonsson | Rankings History | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-02-11.
Надворешни врски
уреди- Стефан Симонсон Профил на мрежното место на АТП (англиски)