Стари еврејски гробишта (Сараево)
Стари еврејски гробишта ― гробишта во Сараево, Босна и Херцеговина. Се наоѓа на падините на планината Требевиќ, во областа Ковачиќи-Дебело Брдо, во југозападниот дел на градот. Тоа се најголемите еврејски гробишта во Југоисточна Европа,[1] и втор по големина гробен комплекс во Европа по Старите еврејски гробишта во Прага.[2] Бил во употреба приближно четиристотини години од почетокот на 16 или 17 век,[3] но најверојатно од 1630 година[2] до 1966 година.[1]
Податоци | |
---|---|
Основани | 1630 |
Abandoned | затворени |
Место | Сараево |
Земја | Босна и Херцеговина |
Тип | Еврејски |
Сопственик | Град Сараево |
Големина | 31,160 м квадратни |
Гробови | >3850 |
Неважечки статус | |
Службен назив: Стари еврејски гробишта во Сараево, гробен ансамбл | |
Тип: | Споменик на културата од категорија I |
Критериуми: | A, B, C i.ii.iii.iv.v.vi., D i.ii.iii.iv.v., E iii.v., F, G v., H, I i.ii.iii. |
Прогласено: | 30 август 2004 (?. сесија) |
Број | 07.2-02-201/04-4 |
Статус: | Национални споменици на Босна и Херцеговина |
Историја
уредиГробиштата биле основани од сефардите во 1630 година, во Сараево за време на Отоманското Царство. Исто така, тие биле погребно место за ашкеназите откако тие пристинале во Сараево, во времето на астроунгарската власт во доцниот 19 век.[2] Се состојат од повеќе од 3850 гробници и зафаќа површина од 31160 квадратни метри. Има четири споменици посветени на жртвите на фашизмот: еден сефардски споменик бил дизајниран од Јахиел Финци и подигнат во 1952 година, два ашкеназки, и еден посветен на жртвите од усташките милитанти.[4]
За време на војната во 1990-тите
уредиЕврејските гробишта биле на линијата на фронтот за време на Војната во Босна и Херцеговина и биле користени како артилериска позиција од босанските Срби. Така биле сериозно оштетени од куршуми и пукање предизвикан од експлозии. Исто така биле силно минирани, но биле целосно расчистени во 1996 година [5]
Значајни погребувања и споменици
уредиЗначајни луѓе погребани на гробиштата се рабинот Самуел Барух (прв рабин во Сараево од 1630 до 1650 година; се верува дека неговиот гроб е најстар на гробиштата),[6] Рабин Исак Пардо (рабин од 1781 до 1810 година), рабин Аврахам Абинун (Големиот рабин од 1856 до 1858), Моше бен Рафаел Атијас (1845 – 1916), Лаура Леви Папо ЛаБохорета (писател од почетокот на 20 век)[7] и Исак Самоковлија. Има и четири споменици подигнати на жртвите на фашистичкиот терор, заедно со неколку кенотафи, празни спомен-гробници, со имиња на луѓе кои загинале на други места и чии гробни места се непознати.
Гениза
уредиПосебен свод или „гроб“ за оштетените книги познат како гениза, се наоѓа во југоисточниот дел на гробиштата, а првиот погреб бил извршен на 3 јули 1916 година. Претпоставките се дека на втората погребна церемонија биле закопани околу 14 ковчези со свети книги, така што во моментов се врши ексхумација на генизата за да се утврди нејзината содржина.
Ознака за национално и светско наследство
уредиГробиштата се означени како национален споменик на Босна и Херцеговина под името „Еврејски гробишта во Сараево, ансамблот на гробиштата“.[2] Како подготовка за номинација за вклучување на списокот на светско наследство, босанските делегати поднесле документација „Гробен ансамбл – Еврејски гробишта во Сараево“ за пробната листа на УНЕСКО на 3 април 2018 година, под категоријата „Културно“ и критериумите „(ii) ", "(iii)", "(iv)", "(vi)".[1][8]
Галерија
уреди-
Главната порта со фонтана
-
Натпис над главната порта
-
Храмот (Цидук Адин) во близина на главниот влез со стар ѕид
-
Стар ѕид од главната порта западниот раб
-
Поглед на градот
-
Градски пејзаж од врвот на гробиштата
-
Гробишта
-
Натписи на надгробните споменици
-
Зимски амбиент
-
Траги од минофрлачки гранати и затворени од куршуми
-
Гробишта втората половина на 19 век, почеток на австроунгарскиот период
-
Горна порта, највисока точка на јужниот раб
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Permanent Delegation of Bosnia and Herzegovina to UNESCO. „Jewish Cemetery in Sarajevo“. whc.unesco.org (англиски). UNESCO World Heritage Centre.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Jewish cemetery in Sarajevo, the burial ground ensemble“. old.kons.gov.ba. Sarajevo: Commission to preserve national monuments. 30 August 2004. Архивирано од изворникот на 2022-07-07. Посетено на 26 May 2023.
- ↑ Petersen, Hans-Christian; Salzborn, Samuel (2010). Antisemitism in Eastern Europe: History and Present in Comparison - Google Books. ISBN 9783631598283. Посетено на 2013-09-06.
- ↑ „JEWISH CEMETERY Sarajevo Bosnia and Herzegovina“ (PDF). Coe.int. Посетено на 17 August 2013.
- ↑ „U.S. Commission Urges Sarajevo Cemetery Restoration“. Isjm.org. Архивирано од изворникот на 27 February 2019. Посетено на 17 August 2013.
- ↑ Malcolm, Noel (October 1996). Bosnia: A Short History - Noel Malcolm - Google Books. ISBN 9780814755617. Посетено на 2013-09-06.
- ↑ „Jewish Women in Yugoslavia“. Jwa.org. Посетено на 17 August 2013.
- ↑ Šimić, Angelina (5 February 2018). „Oslobođenje - Očekuje se upis Jevrejskog groblja u UNESCO“. Oslobođenje d.o.o. (босански). Посетено на 31 May 2018.