Старец (расказ на Мопасан)

„Старец“ (француски: Le Vieux) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 6 јануари 1884 година.

Содржина

уреди

Во едно село, брачниот пар Шико ја очекува скорешната смрт на таткото на жената. Бидејќи во тек се земјоделските работи, тие одлучуваат предвреме да ги поканат селаните на погребот, очекувајќи дека старецот ќе умре наскоро. Меѓутоа, старецот не умира, а луѓето веќе пристигаат во нивната куќа и тие се принудени да се правдаат пред гостите. Додека гостите јадат колачи и да пијат ракија, старецот умира и така им олеснува на сите. Единствено, брачниот пар Шико е незадоволен поради направените трошоци.[1]

Наводи

уреди
  1. „Старац“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 321-331.