Станија Добројевиќ
Станија Добројевиќ (Вировитица, 17 март 1985 година ) е српски фото-модел и телевизиска личност.
Биографија
уредиСтанија Добројевиќ е родена на 17 март 1985 година во Вировитица, СР Хрватска, СФР Југославија. Нејзиниот татко, Драган, го загубил животот за време на војната во Хрватска во 1995 година. Мајката на Станија, Славица, со синот Сани и ќерката побегнала во Рума. По завршувањето на основното училиште во Рума, Станија дипломирала на економското училиште во Митровица „9 мај“. Потоа се запишала на Економскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Како дел од програмата Ворк енд травел, Станија 2005 г. за време на студиите заминала во Америка, каде се вработила во казино во Атлантик Сити, а три години подоцна започнала да се занимава со манекенство во Мајами.
Учествувала во реалното шоу Сурвајвер Србија ВИП: Костарика 2012 година, каде што била дисквалификувана поради физички конфликт со македонската Плејбој зајачица Александра Наков.[1] Во текот на 2013 година влегла во реалното шоу Фарма 4 каде го освоила второто место, зад Сулејман Хаљевац. Потоа во текот на 2015 год. влегла во реалното шоу Фарма 6 каде го освоила првото место и награда од 50.000 евра. Подоцна, по кратка медиумска пауза, 2018 година била во реалното шоу Задруга 2, каде го освоила третото место. Од 2021 година учествува во реалното шоу Задруга 5.
Учество во реални шоуа
уреди- Сурвајвер Србија ВИП: Костарика (2012), дисквалификувана
- Фарма 4 (2013), второпласирана
- Фарма 6 (2015), победник
- Задруга 2 (2018/19), трето место
- Задруга 5 (2021/2022)
Наводи
уреди- ↑ „Stanija i Aleksandra iscenirale tuču“. Blic Online. Посетено на 12 август 2013.