Станислав Ѓорговски

Станислав Ѓорговски (роден 1956 година) — американски астрофизичар.

Главно се занимава со вонгалактичка астрономија и космологија. Тој е еден од идејните творци на концептот на виртуелната опсерваторија и областа астроинформатика.[1] [2] Како прв автор или соавтор објавил над 1000 научни статии.[3]

Животопис

уреди

Дипломирал на Катедрата за астрономија на Математичкиот факултет на Универзитетот во Белград во 1978/79 година.[4] Докторирал во 985 година на Универзитетот Беркли во Калифорнија. Во 1987 година, по постдокторските студии, се преселил на Калифорнискиот институт за технологија, каде што сè уште работи како професор по астрономија.[5]

Награди и признанија

уреди
  • 1988 — 1991: соработник на Фондацијата Алфред П. Слоун,
  • 1991 — 1997: претседателски млад истражувач,
  • 1981 — 997: еден од ISI 1000 најцитираните физичари,
  • 2004 — гостувачки угледен професор, Мексиканската академија на науките, и
  • 2011 — 2012: истакнат гостувачки професор, Универзитетот Крал Абдулазиз
  • 1991 — награда за опсерваторија Дадли,
  • 1996 — награда за достигнувања на групата НАСА
  • 2008 — прва награда на натпреварот за научен труд на Боинг-Грифит
  • 2001 — член на Институтот за унапредување на инженерството
  • 2014 — член на Американската асоцијација за унапредување на науката.[6]
  • Во негова чест е именуван астероидот 24421 Ѓорговски.[7]
  • Неговиот Ердешов број е 2.[8]

Наводи

уреди
  1. "Virtual Observatories of the Future", eds. R. Brunner, S. G. Djorgovski, and A. Szalay, Astron. Soc. Pacific Conf. Ser., vol. 225 (2001).
  2. Astroinformatics2010[мртва врска], Приступљено 25. 4. 2013.
  3. Испис из базе Astrophysics Data System за аутора S. G. Djorgovski, Приступљено 25. 4. 2013.
  4. Београдска астрономска заједница, Приступљено 25. 4. 2013.
  5. Више информација налазе се на личној страници проф. Ђорговског, http://www.astro.caltech.edu/~george/
  6. AAAS Members Elected as Fellows, Science, vol. 346, p. 1070 (2014).
  7. Alan Chamberlin. „JPL Small-Body Database Browser“. Ssd.jpl.nasa.gov. Посетено на 2015-02-22.
  8. „List of people by Erdős number“. en.wikipedia.org. Посетено на 2021-11-11.