28 Септември (стадион)

(Пренасочено од Стадион 28 септември)

Стадионот 28 Септемвриповеќенаменски стадион кој се наоѓа во Конакри,Гвинеја. Најмногу се користи за фудбалски натпревари. Стадионот има капацитет од 25.000 луѓе.

Воздушен поглед на стадионот

Опис

уреди

Стадионот е изграден во раните 1960-ти. Го добил своето име во чест на референдумот на 28 септември, денот кога Гвинеја гласала против францускиот референдум за Француската заедница, што на крајот довело до политичка независност на Гвинеја на 2 октомври 1958 година.

Во обид да биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2023 година, дадени биле предлози за надградба или реновирање на стадионот за да му се зголеми капацитетот на 45.000–50.000, но домаќинот за таа година бил Брегот на Слоновата Коска.

Фудбалската репрезентација на Гвинеја и локалните клубови Сателит, Хафиа и Хороја играат натпревари на стадионот.

Биле домаќини на финалните натпревари на Купот на Африканските шампиони во 1972 и 1975 година.

Протести на 28 септември

уреди

На 28 септември 2009 година, 51 година по референдумот по кој стадионот го добил своето име, членовите на опозициската партија демонстрирале на стадионот 28 септември барајќи од претседателот на Гвинеја капетанот Муса Дадис Камара да поднесе оставка. Безбедносните сили пукале со огнено оружје врз толпата, убивајќи 157 луѓе, а биле ранети околу 1.200.[1] Како одговор на критиките од меѓународните групи за човекови права, владата изјавила дека само 56 луѓе биле убиени, од кои повеќето биле прегазени од демонстрантите кои бегале.[2] Меѓународниот кривичен суд го истражил инцидентот, а Африканската унија побарала оставка од претседателот Камара.[3]

На 31 јули 2024 година, Муса Дадис Камара бил прогласен за виновен за „злосторства против човештвото“ во масакрите што се случиле во 2009 година и е осуден на дваесет години затвор.[4]

Настани

уреди

Наводи

уреди
  1. „ICC prosecutor to examine Guinea killings“. Reuters. 2009-10-16. Архивирано од изворникот на 2012-09-08. Посетено на 2009-10-15.
  2. Adam Nossiter (2009-10-06). „U.S. Envoy Protests Violence in Guinea“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2018-01-27. Посетено на 2009-10-15. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  3. „French told to quit unsafe Guinea“. BBC News. 2009-10-16. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2009-10-15. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  4. „Afrique Procès du massacre de 2009 en Guinée: Moussa Dadis Camara condamné à 20 ans de prison pour crimes contre l'humanité“. Radio France International (француски). 31 July 2024. Посетено на 31 July 2024.