Стадион Луј II
Стадион Луј II - стадион кво областа Фонвјеј во Монако. Тој примарно служи како место за фудбалски натпревари, а исто така е дом на ФК Монако и фудбалската репрезентација на Монако. Од 1998 до 2012 година, на стадионот биле одржувани годишните натпревари на Суперкуп на УЕФА натпревар.[2]
Стадион Луј II | |
---|---|
Место | Фонвјеј, Монако, Фонвјеј, Монако |
Изграден | раните 1980-ти (до денес) |
Отворен | 1939 (оригиналниот) 25 јануари 1985[1] (моментално) |
Сопственик | |
Игра | |
Гледачи | 18.523 (all-seater) |
Стадионот исто така се користи за атлетски митинзи кои се дел од Дијамантската лига на ИААФ. Од 2003 до 2005 година беше домаќин на Светското атлетско финале на ИААФ, но само со неколку дисциплини, па поради малата сместивост на стадионот, финалето мораше да се одржи на друго место.
Оригиналниот стадион Луј II бил отворен во 1939 година како дом на ФК Монако. Новиот стадион е изграден во почетокот на 1980-тите години, во близина на местото на стариот стадион на земјиште одземено од морето, а целосно бил отворен во 1985 година. Сместивоста била околу 18.500 седишта, отприлика колку половина од населението на Монако (36.371 жители), а повеќе од кој било друг стадион во земјата. Најголемиот дел од објектите на стадионот се наоѓаат под земја, со голем паркинг директно под висината на теренот (нешто што предизвикува одреден степен на критики од страна на менаџерите на противниците на Монако во минатото во врска со состојбата на теренот).
Стадионот бил наречен по Луј II, кнезот на Монако, кој бил суверен кнез на Монако кога оригиналниот стадион бил изграден.[се бара извор]
Настани
уредиНа 29 јули 2008 година, Елена Исинбаева го постави женскиот рекорд во скок со стап од 5,04 метри.[3]
На 1 јули 2011 година американската рок-група „Иглс“, (The Eagles) настапи на свадбата на кнезот Алберт II, и Шарлен Витсток.[4]
Експлозија
уредиНа 31 мај 2004 година, се случи експлозија, која очигледно намерно предизвика штета на Стадионот Луј II и соседната зграда, Ла Риш, Фонвјеј (La Ruche, Fontvieille). Нема извештаи за повредени и одговорноста за нападот остана нејасна. Штетата, била релативно висока, а делови од структурата на градбите, било потврдено дека нема да влијаат на соодветните структури на зградите. Владата на Монако, ја презеде одговорноста за поправка на штетите предизвикани од експлозијата. Оваа експлозија претставува редок исклучок на одамна воспоставениот углед на кнежевството во доменот на безбедноста и животот без насилство.
Објекти
уредиСал Гастон Медесен е затворена арена која се наоѓа под трибините на фудбалскиот стадион. Сал Гастон Медесен е во можност да биде домаќин на спортови како кошарка, одбојка, ракомет, џудо и мечување, во кревање тегови и гимнастика.
На стадонот Луј II, кој содржи голем деловен комплекс, исто така сместен е Меѓународниот универзитет на Монако (IUM), на кој се специјализира бизнис-образование.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Stade Louis-II“. worldofstadiums.com.
- ↑ „Prague celebrates 2013 Super Cup honour“. UEFA.com. 17 June 2011.
- ↑ „IAAF Statistics Handbook, 2009“ (PDF). IAAF. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 June 2011. Посетено на 4 April 2014.
- ↑ „Mariage princier : concert au stade Louis II (Princely marriage - concert at the Stade Louis II)“. Noblesse et Royautés. 1 July 2011. Архивирано од изворникот на 2015-01-22. Посетено на 4 April 2014.
Надворешни врски
уреди„Стадион Луј II“ на Ризницата ? |
- monaco.net Архивирано на 13 јануари 2007 г.
- Stadium Guide Article
Претходник Два натпревари |
Суперкуп на УЕФА Еден натпревар 1998–2012 |
Наследник Еден Арена Прага |