Стадион Балмор
Балмор (исто така познат како Стадион Балмур; Balmoor Stadium) ― фудбалски стадион во шкотскиот град Питерхед, Абердиншир. Тоа е дом на ФК Питерхед. Стадионот има сместивост од 3,150[1] гледачи, од кои 1.000 можат да седат.[2]
Поглед кон источната трибина на Балмор | |
Местоположба | Питерхед, Шкотска, Обединето Кралство |
---|---|
Координати | 57°30′42.10″N 1°47′45.05″W / 57.5116944° СГШ; 1.7958472° ЗГД |
Сопственик | ФК Питерхед |
Сместивост | 3,150[1] (1,000 со седишта) |
Рекордна присутност | 4,855 (против Ренџерс, 20 јануари 2013) |
Големина на теренот | 96 × 64 метри |
Површина | Трева |
Отворен | 1997 |
Корисници | |
ФК Питерхед |
Стадионот бил отворен во 1997 година, откако стариот стадион на ФК Питерхед бил продаден на стопанското друштво на супермаркети Safeway.[3] Стандардот на составните простории во Балмор бил еден од главните причини зошто Питерхед бил избран во Шкотската фудбалска лига во 2000 година,[3] заедно со Елгин Сити.
Рекордна посетеност на Балмор е 4.855, за натпревар од третата лига на Шкотска фудбалска лига против Ренџерс на 20 јануари 2013 година.[4] Ова го соборило претходниот рекорд од 4.505 луѓе.[5]
Најблиската железничка станица до Балмор е Железничката станица „Абердин“, која е 51 км далеку.[3] Ова е најголемото растојание помеѓу фудбалскиот терен за сениорска лига и најблиската железничка станица во Велика Британија.[3] Балмор се наоѓа на патот А982, северно од средиштето на градот Питерхед.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Peterhead Football Club“. Scottish Professional Football League. Посетено на 23 април 2023.
- ↑ „Rangers: Life in Scottish Division Three beckons“. Посетено на 23 април 2023.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Peterhead“. Scottish Ground Guide. Duncan Adams. Архивирано од изворникот на 29 март 2013. Посетено на 23 април 2023.
- ↑ „Peterhead 0-1 Rangers“. Rangers FC. 20 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 7 јануари 2014. Посетено на 23 април 2023.
- ↑ „You Did us Proud“. buchanobserver. 12 јануари 2012.