Среќен крај (филм од 1967)

„Среќен крај“ (англиски Happy End) е чехословачки филм од 1967 година, во режија на Олдрих Липски (Oldrich Lipský), кој е автор и на сценариото, заедно со Милош Мацоурек (Milos Macourek). Главните улоги ги играат: Владимир Меншик (Vladimír Mensík), Јарослава Обермајерова (Jaroslava Obermaierová) и Јозеф Абрхам (Josef Abrhám).[1]

Содржина

уреди

Тема на филмот е едно убиство и неговите последици, прикажани по обратен редослед, каде смртта е, всушност, почетокот. Имено, дејствието на филмот почнува со „погубувањето“ на главниот лик, а потоа се навраќа на минатото, откривајќи ги неговите одлуки и постапки што довеле до убиството...

Надворешни врски

уреди

Happy End IMDb

Наводи

уреди