Среќа (филм од 1934)
Среќа (руски: Счастье) - советски филм од 1934 година, во режија на Александар Медветкин, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Петар Зиновев, Елена Егорова, Николај Черкасов и Лидија Ненашева.[1]
Содржина
уредиДејството на филмот се одвива за време на Руското царство, а потоа и во СССР, за време на колетивизацијата. Во него е прикажан мачниот живот на еден земјоделец (мужик), кој живее во тешка сиромаштија за време на царскиот режим. Потоа доаѓа новата болшевичка власт, која започнува со колективизација, но старите сили (земјопоседниците и свештениците) се обидуваат да ги уништат плодовите на новата власт. Во двата режима, селанецот се соочува со постојани проблеми...[1]
Осврт кон филмот
уреди„Среќа“ бил последниот советски нем филм. Првобитно, во филмот била вклучена и една секвенца во боја, но потоа таа била исфрлена поради лошиот квалитет на бојата. Овој филм бил многу популарен кај француските синеасти во 1960-тите, кои го истакнувале како пример за вистински народен филм, наменет за пошироката публика.[1]