Среќата доаѓа во 9
„Среќата доаѓа во 9“ (хрватски: Sreća dolazi u 9) — југословенски филм од 1961 година во режија на Никола Танхофер, снимен по сценариото на Витомил Зупан, засновано врз бајката на Ханс Кристијан Андерсен. Главните улоги ги играат: Ирена Просен, Антун Врдољак, Мила Димитријевиќ, Миа Оремовиќ, Виктор Бек, Драго Крча, Перо Квргиќ, Татјана Бељакова, Синиша Кнафлец и Никша Штефанини и Антун Налис. Ова е првиот југословенски научнофантастичен филм.[1]
Синопсис
уредиВо едно гратче ненадејно доаѓаат Среќата (ја игра Димитријевиќ) и Грижата (ја игра Белјакова). Притоа, Среќата остава во гостилницата една волшебна наметка и тврди дека на оној кој ќе ја облече ќе му се остварат сите желби. Волшбната наметка ги менува сопствениците при што ги исполнува необичните желби на повеќе луѓе: плашливиот професор по виолина (го игра Квргиќ), стариот ноќен чувар (го игра Бек), лекомислениот студент Мики (го игра Врдољак) и русокосата девојка (ја игра Просен). Меѓутоа, исполнувањето на нивните желби не мора да значи дека тие ја пронашле својата животна среќа...