Спортско качување

Спортското качување е поделено на два дела и тоа спортско качување по природни карпи и спортско качување по вештачки карпи.

Качувањето по природни карпи се одвива преку курсеви и е достапно за секој оној кој има желба за спортско качување. Целта на спортското качување е да се достигне максималната тежина во качувањето. Поради тоа насоките во карпата си имаат свое име и тежина. Впрочем и спортското качување настанува и се одвојува од алпинизмот, за да може исклучиво да се занимава со качување на карпа и да го достигне тежинскиот максимум.

Со иновирањето на вештачките карпи, чија цел е да се изведува поинтензивен редовен тренинг, како зиме така и лете, доаѓа до организирање на натпреварите во спортско качување. Денес натпреварите се на професинално ниво и веќе со Олимпијадата во Атина 2004 година, спортското качување ќе стане олимписка дисциплина.

Натпреварите во спортско качување на вештачки карпи меѓу себе се делат на три групи. Тоа се:

  • Тежински натпревари, каде и постојат квалификации, полуфинале и финале, а целта е кој повисоко ќе се искачи, а притоа тежините на патеките се различни.
  • Брзински натпревари, каде што натпреварувачите се натпреваруваат кој побрзо на одредена патека со определена тежина ќе се искачи до врвот, при што се мери времето или, пак - ако дозволува ширината на вештачката карпа - тие паралелно се натпреваруваат.
  • Болдер натпреварите се новонастаната дисциплина, која бара исклучително голема психофизичка издржливост. Меѓу другото, натпреварите се одржуваат на 6 патеки на три мали вештачки карпи, поточно една страна на квадрат карпата е една патека.
)))