Спонзорство
Спонзорство - доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект или за конкретна активност, кои овозможуваат директна корист на давателот на спонзорството, како промоција на името, фирмата или заштитниот знак.[1]
Донацијата во македонското законодавство
уредиВо Македонија, спонзорствата се регулирани со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (Службен весник на Република Македонија бр. 47/2006, 86/2008, 51/2011, 28/2014 и 153/2015) при што двете страни (давателот и примателот на донацијата треба да склучат договор во писмена форма, во согласност со Законот за облигационите односи.
Давател на спонзорство може да биде домашно или странско физичко и правно лице, но не лице чие дејствување е во спротивност на Уставот и законите на Македонија или со меѓународните договори кои ги склучила Македонија. Примател на спонзорство може да биде домашно правно лице, кое врз основа на применото спонзорство ги извршува обврските наведени во договорот за спонзорство. Објавувањето на името, на фирмата и на заштитниот знак на давателот на спонзорството во печатените и електронските медиуми не се смета за реклама.[2]
За поттикнување на спонзорствата се предвидени бројни даночни олеснувања. Фирмите кои подлежат на данок на добивка, кога даваат спонзорство на правно лице, тоа им се признава како расход за тековната година во висина до 3% од вкупниот приход. Ако спонзорот е странско лице, по негово барање, Управата за јавни приходи му издава потврда дека дал спонзорство. Сепак, даночните поттикнувања не важат ако спонзорството се употребува за: поддршка на политички партии, финансирање политички кампањи и за исплата на пари од едно до друго претпријатие.[3]
Наводи
уреди- ↑ Никола Главинче, „Донации и спонзорства во јавните дејности“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 62-63.
- ↑ Никола Главинче, „Донации и спонзорства во јавните дејности“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 62-63.
- ↑ Никола Главинче, „Донации и спонзорства во јавните дејности“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 62-63.