Спомен-дом „Блаже Конески“

спомен-дом и музеј во Небрегово, Македонија

Спомен-домот на Блаже Конески - објект т.е. спомен-дом кој се наоѓа во прилепското село Небрегово во Општина Долнени. Овој објект како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура.[1] Оваа куќа е родниот дом на великанот на македонската книжевност, академик Блаже Конески.

Спомен-куќа на Блаже Конески
Спомен-дом „Блаже Конески“ is located in Македонија
Спомен-дом „Блаже Конески“
Местоположба во рамки на Македонија
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
МестоНебрегово, Македонија Македонија
Координати41°14′06″N 21°19′25″E / 41.2350° СГШ; 21.3237° ИГД / 41.2350; 21.3237
Типспомен-куќа
Мреж. местоmuzejprilep.org.mk

Градбен стил на куќата

уреди

Опис

уреди

Неговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Тоа е куќа на кат, објект од т.н. затворен тип, без посебно издвоен отворен дел од чардак. Помошните објекти кои го заокружуваат економскиот живот на домаќините се сместени периферно на парцелата.[1]

Реставрација

уреди

Во 2006 година, бил изработен и реализиран проектот за реставрација, конзервација и ревитализација на објектот. Според проектот, куќата на поетот била уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена. Оградата и објектите во дворот биле обновени и го задржале својот автентичен изглед, а дел од собите биле претворени во музејски простории и места за културни средби. Обновата на куќата чинела околу 140.000 евра.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Спомен дом Блаже Конески с.Небрегово“. Завод и Музеј - Прилеп. Архивирано од изворникот на 2020-03-23. Посетено на 19 јуни 2020.
  2. „Куќата на Конески од руина ќе стане македонистички центар“. Дневник преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-01.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди