Споменик на грабнатото бекче
Споменик на грабнатото бекче — споменична композиција во Струмица. Споменикот е сместен на тревната површина во Градскиот парк на Струмица и претставува композиција од три скулптури од бетон, во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита Андон Ќосето и фигурата на Назлам-бег, синот на струмичкиот бег.
Споменик на грабнатото бекче | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist | |
Општи податоци | |
Вид | бетон |
Место | Општина Струмица |
Град | Струмица |
Земја | Македонија |
Координати | 41°26′38″N 22°38′20″E / 41.44389° СГШ; 22.63889° ИГД |
Пуштена во употреба | 1978 |
Сопственик | Општина Струмица |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Борис Крстевски |
Сите три фигури се поставени на плато. Овие скулптури на симболичен начин го прикажуваат грабнувањето на Назлам-бег, настан кој се случил во септември 1897 година, при еден од престоите на Гоце Делчев во Струмица. Во грабнувањето учествувале Гоце Делчев, Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционери.
Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски, а подигнат е по повод 75. годишнината од Илинденското востание, односно во 1978 година.