Споменик на Христо Татарчев

Споменик на Христо Татарчев — споменик кој се наоѓа пред Порта „Македонија“ во Скопје, Македонија. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]

Христо Татарчев
Општи податоци
Видспоменик, статуа
Местопред Порта „Македонија“
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Отворена2013
Трошок за изградба242.000 евра
14.893.000 ден.
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектВалентина Стевановска

Споменикот на Христо Татарчев е поставен во април 2013 година во ист ден со уште неколку други, веднаш по локалните избори.

Споменикот на Татарчев не е предвиден во видео презентацијата на „Скопје 2014“, но со дополнувањето на Програмата за одбележување на значајни настани и личности со спомен обележја на општина Центар, тој е внесен на списокот, заедно со спомениците на Чакаларов, Шатев, Христо Узунов и Кузман Јосифовски Питу во 2011, на иницијатива на Министерството за култура.

Советниците на општина Центар, на чело со тогашниот градоначалник Тодоровиќ, ја прифатија иницијативата на седницата одржана десет дена подоцна.

Јавната набавка за Татарчев е спроведена со уште два споменика, на Шатев и Кузман Јосифовски - Питу и ја добива италијанската леарница „Гуастини“.

Автор на споменикот е Валентина Стевановска избрана на јавен конкурс.

Наводи

уреди
  1. „Христо Татарчев :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.