Споменик на Филип II Македонски (Битола)
Споменик на Филип II Македонски — споменик на плоштадот Магнолија во Битола, посветен на старомакедонскиот крал Филип II. Филип II бил основач на античкиот македонски град Хераклеја Линкестис кој е претходник на денешната Битола. Споменикот е висок 8,5 метра (со постаментот), со Филип II во свечена одора, јавнат на коњ. Споменикот е излиен во бронза во Нови Сад и е дело е на вајарот Ангел Коруновски. Поставен е на 21 јуни 2011 година. Во непосредна близина на споменикот се наоѓа фонтана која навечер е придружена со музика синхронизирана со светлосни ефекти [1].
Споменик на Филип II Македонски | |
---|---|
Споменикот на Филип II на плоштадот Магнолија | |
Општи податоци | |
Град | Битола |
Земја | Македонија |
Нарачател | Општина Битола |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Ангел Коруновски |
Целиот комплекс, споменикот и фонтаната, зафаќа површина од 600 квадратни метри од градскиот плоштад Магнолија.
Фонтана
уредиФонтаната е направена во вид на штит со Сонцето на Вергина, околу фонтаната има други исти штитови и копја. Околу фонтаната се поставени звучници кои навечер емитуваат музика синхронизирана со светлосни ефекти во фонтаната. Штитот од фонтаната се крева и се врти додека млазови вода се исфрлаат низ него.
Наводи
уреди- ↑ Утрово во Битола поставен споменикот на Филип Втори на семрежното место на Македонска нација