Споменик на Питу Гули
Споменик на Питу Гули — споменик кој се наоѓа паркот „Жена-борец“, спроти споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија во Скопје, Македонија. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.
Споменик на Питу Гули | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | споменик, статуа |
Место | парк „Жена-борец“ |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Трошок за изградба | 272.000 евра 16.776.000 ден. |
Сопственик | Министерство за култура |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Кристина Пауновска |
Споменикот, излеан во бронза, го прикажува истакнатиот македонски револуционер качен на коњ со крената рака, поставен на постамент.
Поставувањето на спомен-обележјето на Питу Гули е на иницијатива на Министерството за култура, одобрена од советниците на општина Центар во октомври 2010 година. На конкурсот за идејно решение изведбата на овој споменик ѝ е доделена на Кристина Пауновска.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Питу Гули :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.