Список на доцноантички градови во Македонија
Ова е список на доцниоантички градови на територтијата на денешна Македонија, односно од 5 и 6 век[1]. Можно е овој список да не е целосен:
- Хераклеја Линкестиска - во непосредна близина на Битола;
- Никеја - кај селото Доленци;
- Антанија - Јужно Мариово;
- Арг - во близина на Клепа;
- Идомене - во близина на Валандово;
- Астрајон - кај Пилав Тепе, радовишко;
- Добер - на Цареви Кули, струмичко;
- Запара - на устието на реката Злетовица;
- Армонија - на устието на реката Каменица;
- Келенидин - на Виничко Кале;
- Јустинијана Прима - околу Скопје;
- Мерион - кај кумановското село Никуштак;
- Неутина или Венденис - нс Лепенец, во близина на Скопје;
- Транупара - кај кумановско Коњух;
Наводи
уреди- ↑ F. Papazoglu, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 198 - 199.