Антанија

доцноантички град во Македонија

Антанија — доцноантички град во Македонија,[1] кој се наоѓал на 32 км источно од Хераклеја, во јужно Мариово[2], на Црна Река.

Карта
Антанија

Тоа е всушност голем кастел, во кој во неговото јужно подножје се оформила урбана населба. Овој кастел имал обѕидие со кули и порти и една базилика во центарот. Административно градот припаѓал на Македонија I. За локацијата на овој град се пронајдени натписи кои зборувале за Антанија. Вториот натпис, најден во Стоби, помогнал да се лоцира територијата која во раното царско време била врзана за Линк. Според истражувањата на еминентниот македонски археолог Виктор Лилчиќ остатоците и рушевините од античкиот и средновековен македонски град Антанија, кој бил и седиште на епископија, со големи градби на 2 базилики и повеќе други градби, се наоѓаат и се наоѓаат во месноста Градот на рид веднаш над левиот брег на Црна Река во Мариово, a низ него минувал Еригонскиот Пат по кој минал Александар Македонски на враќање од походот против Трибалите.

Антанија и денес останува титуларна епископија, под тековно водство на Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.

Местоположба

уреди

Градот се наоѓа лево од регионалниот пат 1107, пред Расинбеговиот мост, во атарот на селото Манастир.

Пристап

уреди

До месноста може да се дојде преку асфалтниот регионален пат од градот Прилеп. Откако ќе се одмине селото Дуње, а пред Расинбеговиот мост се скршнува лево по земјен пат. На блискиот рид наречен Градот се наоѓаат остатоците од древниот град Антанија, чии остатоци јасно се забележуваат на сателитските снимки.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје 1999, 13.
  2. F. Papazoglu, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 198 - 199

Надворешни врски

уреди