Список на видови на единици во римската војска

Оваа страница ја претставува списокот на римските легионерски единици и чинови, од основањето на Републиката, околу 509-тата година п.н.е., па сè до пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476-тата година од н.е. Невозможно е да се направи паралела со денешните поими како на пр. армија, армиски единици, батаљони, дивизии, чинови од типот на поручници, наредници и сл. Според тоа ќе се користиме со изворните римски поими и како такви ќе ги употребуваме и објаснуваме. Повеќето од единиците спомнати на листата се од царскиот период, бидејќи располагаме со повеќе извори од тој период, за сметка на претходниот, републиканскиот. Што се однесува до чиновите, ќе се задржиме повеќе на легионерските за сметка на чиновите на помошните единици (auxilia).

Список на единиците

уреди
  • Accensus - Лесно вооружена единица, која ја сочинувале најсиромашните, а воедно и најмладите граѓани во периодот на Римската Република. Подоцна се претопиле во редовите на veliti
  • Auxilia - единици чии услиги биле користени од Римјаните во доцниот период на Републиката, а посебно во царскиот период. Во времето на приниципатот овие единици биле задолжени за безбедноста на границите на империјата, а служеле и како милиција во провинциите каде го чувале редот и мирот.
  • Cataphractarii - тешко наоружана коњаница. Први ги употребиле Партите, а поради нивната ефикасност на бојното поле биле употребувани и од страна на Римјаните. На царот Хадриан од 2 век од н.е. му се припишува оваа заслуга.
  • Celeres - коњаница која не броела повеќе од 500-стотини војници. Служеле веројатно како заштитари на римските кралеви, а нивниот назив Celer на латински значи брзоног.
  • Clibanarii - воена едница составена од тешка коњаница слична како таа на катафрактарите.
  • Cohortes urbanae - во времето на принципатот се појавиле овие единици, веројатно уште од времето на Август, кои ја извршувале должноста слична како на денешните полициски служби.
  • Comitatenses - претставувала реформирана легионерска единица, чие основање се должи на реформите на Константин.
  • Comitatenses Palatini или Auxilia Palatini - била карактеристична единица по тоа што на бојното поле секогаш била под команда лично од страна на императорот.
  • Equites - коњаничка едница составена од римската елита на граѓани.
  • Foederati - самото име кажува дека биле сметани за потчинети на римската власт и биле употребувани од страна на римската војска. Овие единици се пополнувале од редовите на барбарските племиња.
  • Hastati - ги претставувале најмладите римски граѓани регрутирани во првите борбени редови за време на Републиката.
  • Lancearii - пешадиски единици вооружени со копје кои им биле поддршка на комитциите .
  • Limitanei - лесна пешадиска единица, слична на помошните единици, кои биле стационирани по гарнизоните во времето на царството.
  • praetorians - ја претставувале елитата меѓу легионерите, со специјална намена за штитење на императорот.
  • Principes - Принкипите ја претставувале втората борбена линија во времето на Републиката. Биле речиси исто вооружени како и првата линија на хастатите.
  • Rorarii - оваа единица ја претставувала последната линија во легијата за време на Републиката. Уште пред реформите на Мариј биле претопени во линиите на триариите, кои се покажале како постабилни на бојното поле.